Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота

Во прилепско-пелагонискиот регион за пет дена се пријавени околу 2 200 тони вишок тутун што треба дополнително да се преземе од договорените количини, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.

Интересот е голем и се очекуваат до крајниот рок, 5 февруари, да се пријават уште околу 1000 тони вишок.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, пријавувањето мора перманентно да се спроведува со одлуката да се работи во саботите за родот да се откупи до крајниот рок, 28 февруари.

– Има голем интерес на тутунарите да го пријават вишокот, недоговорен тутун за откуп. Пријавувањето е до 5 февруари, зашто процедурата бара барем 10-и9на дена да се спроведе и за тите тутунари да остварат субвенции. По состанокот во министерството за земјоделство, договорено е најголемите откупувачи, „Сокотаб" од Битола и „Алијанса" од кавадарци да презематпо околу 1000 тони тутун вишок, а другите откупувачи останатото. Тутунарите може да пријавуваат вишок и кај поверениците. Токму затоа, најбитно е, а и ќе предложиме до Сојузот на земјоделските здруженија и до откупувачите да се работи во наредните саботи, да се откупува тутун за да се стигне сиот род, договорен и вишок, да се преземе до законскиот рок, крајот на февруари. Сите може да остварат право на субвенции, објаснува Пачешкоски.

Тој вели и дека активно работи и второстепената комисија. Од досега оспорените преку 200 килограми, 70 отсто се решени во корист на тутунарите и им е обезбедна една класа повеќе од проценката.

На работењето во саботите за забрзување на динамиката на откупот инсистира и Сојзуот на земјоделските здруженија. претседателот на Сојузот Менде Стомнароски објаснува дека мало зголемувањ ена динамиката има, а цената на просечниот откуп е 166 денари.

– Тутунарите имаат право да оспоруваат процена ако се незадоволни. Зголемената динамика, со работењето во саботите, може да обезбеди откуп на сите количества, и договорени и вишокот на тутунот, изјави Стомнароски.

Од Прилепскиот тутунски комбинат се децидни дека од утре ќе почнат да ги преземаат 440-те тони тутун од кооперантите од „Далија табак" кои останаа неоткупени. Документацијата е завршена и комбинатот на петте пунктови во Источниот регион ќе ги преземе и ќе ги плати количествата, според договорот во Министерството за земјоделство./МИА

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче. Видеото е од 17 март, а кафеавата мечка е убиена во синоќа во локалната шума.

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

притисни ентер