Тутунарите го поздравија донесувањето на новиот закон за тутун

Годинава тутунопроизводството се очекува да биде на ланското ниво од околу 25 милиони килограми но со многу подобар квалитет од лани поради погодните климатски услови за производство досега.

Сојузот на тутунарските здруженија ја поздравува акцијата на државата и побара да се засилат мерките за сузбивање на нелегалното производство на широко листен тутун и шверцот бидејќи се директна конкуренција за тутунопроизводството и егзистенцијата на 20 илјади тутунарски семејства кој од тоа живеат.

Тутунарите го поздравија и донесувањето на новиот закон за тутун во кој и самите имаат учествувано со свои предлози и сметаат дека од почетокот на 2020 година кога ќе почне новата реколта многу ќе им се олеснат бирократските процедури со тоа што се укинуваат евидентните листови. Задоволни се од просечната откупна цена која достигна 3,3 евра на што добиваат и евро до евро и триесет субвенција зависно од квалитетот но сметаа дека треба да се доближат цените по класи бидејќи сега има многу голем разлика меѓу втора и трета класа. Само на тој начин ќе се мотивираат и млади да се зафатат со ова производство кое носи по 100 милиони евра годишен девизен прилив за државата а кое во иднина е осудено на се помало производство бидејќи нема кој да го работи.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

притисни ентер