Туризмот со две сценарија за ефектот од кризата – се очекува драстичен пад на приливот и загуба до 20.000 работни места

До 20.000 откази за работници. Туризмот со две сценарија за ефектот од кризата. И во едното и во другото освен загуба на илјадници работни места, има и предвидувања за пад на приливот.

Поради ова, компаниите од секторот туризам и угостителство сакаат да продолжи субвенционирањето на плата од 14.500 денари и за јуни.

Ваквите претпоставки стопанските комори ги базираат на студија, спроведена од 13 до 26 април, а анализата вклучува 64 фирми.

Освен субвенционирањето на платите, работодавачите имаат и низа други предлози како би можело државата да им помогне. Ослободување од исплата на К-15 за 2020 година, одобрените бескаматни кредити да бидат во висина на прикажаните трошоци во завршната сметка, а нивното враќање да почне на јуни 2021 во висина од прикажаните трошоци 2019 година.

притисни ентер