Туристите направија депонија од Охрид, активисти излегоа да го собираат отпадот (ФОТО)

Угостителите ја користат ситуацијата за екстрапрофити, но од критики не се поштедени ниту туристите..

Утрово социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од сметот што го оставиле по ноќешните собиранки.

МВР: 378 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим

  Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер.

На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина.

СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим.

Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се.

Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани под браната Калиманци

Дождот што во текот на вчерашниот ден паѓаше на територијата на општините во пијанечкиот регион повторно предизвика одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. 

Како што јавуваат возачи, поголеми одрони во моментот има во близина на првиот мост под браната Калиманци.

-Одроните се на десниот дел од коловозот од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, веднаш под браната Калиманци. Едната сообраќајна лента е слободна за движење, но треба да се внимава бидејки одроните се на место пред свиок, велат возачи.

Додаваат дека на останатиот дел до Кочани патот е чист освен ситни камчиња во близина на некогашниот голем одрон кај месноста Саваро.

Екипи на подружницата на ЈП „Македонија пат” се запознаени за случајот и најавуваат брзо расчистување на одроните. Долж целиот патен правец асфалтот е сув и возачите возат по суви коловози.

притисни ентер