Турците, Грците и Србите најбројни туристи во октомври, Скопје најпосетено

Туристите од Турција, Грција и Србија биле најбројни во октомври годинава што ја посетиле Македонија. Најпосетено место било Скопје.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесувал 5.938, од Грицја 4.824 и од Србија 3.199.

Скопје го посетиле 21.477 туристи, кои оствариле 42.851 ноќевање.

Вкупниот број туристи во октомври годинава годинава изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата 142.503. Споредено со октомври лани, бројот на туристите е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата за 0,9 отсто.

Во октомври годинава, во однос на октомври лани бројот на домашни туристи е намален за 5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто. Во истиот период евидентирано е намалување на бројот на ноќевањата на домашните туристи за 6,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,5 отсто.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто. /МИА

Бензините поевтинуват, а дизелот поскапува за еден денар

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.

РКЕ информира дела во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.

Пристигнува нова пратка на фингерпринт апаратите

Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава.

Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.

Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог". За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.

Почна Преспанскиот јаболкобер, првите јаболки ги откинаа Заев, Хоџа и Гошаревски

Премиерот посочи дека оваа година и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милони евра. 

Да продолжи афирмацијата на надалеку прочуеното преспанско јаболко и неговите вредни производители, агротуризмот, стопанските и културните достигнувања во организација на локалната самоуправа. Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството.Тоа го правиме во контиунитет во двата мандати на оваа Влада, порача денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер" во Ресен.

-Во 2018 година, за 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на на 3 денари по килограм. Во 2019 година субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар. Дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од од 39.600 на 50.000 денари по хектар. За да ги охрабриме и поддржиме овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, субвенциите ги зголемивме за дополнителни 15 отсто, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар, рече Заев.

Премиерот посочи дека оваа година и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милони евра. Во подрачните едници на МЗШВ поделени се картичките за зелена нафта со што, како што рече, помагаме да се намалат производствените трошоци.

-Успешно ја реализиравме мерката рурална жена. Потпишани се 250 договори со вкупна вредност од околу 37.000.000 денари. 265 млади земјоделци добија грант од по 20.000 евра. Вкупната вредност на оваа мерка е 3,1 милиони евра. Реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година исто така бележи висок степен на реализација од почетокот на годината и континуирано досега. Само во првите два квартали објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка, нагласи Заев.

Премиерот информира дека за периодот од 1 јануари заклучно со 30 јуни 2020 реализирани 718, 8 милиони денари денари, што претставува реализација од високи 75 отсто кои се однесуваат на капиталните инвестиции. По Програма за финансиска поддршка во земјоделството, за субвенции до сега се исплатени 6.1 милијарда денари, или реализација од 86 отсто. Потсети дека оваа година стартуваше проектот со Светска Банка – Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, пак, потсети на зголемените субвенции, картичките за зелена нафта и додаде дека во Ресен се доставени околу 2.000 картички. Посочи на воведувањето на мерките за мотивација на младите земјоделци и руралните жени и нагласи дека од особено значење е усогласувањето на нашата правна регулатива со европската. Конкретно во делот на здравје на растенијата, што подразбира и намалена употреба на агрохемиските средства односно помалку пестициди.

-Токму Ресен е пример на успешна интегрална заштита на јаболка и се помала употреба на производите за заштита на растенија, која во последните 10 години е намалена за 30 отсто, рече Хоџа.

Според него, преспанските јаболкопроизводители можат да се гордеат со квалитетот на преспанското јаболко. Потенцира дека се повеќе јаболкопроизводители се одлучуваат за органско производство, што претставува уште еден развоен момент, особено ако се знае дека побарувачката на органски земјоделски производи на европскиот пазар од година во година е се поголема, а преспанските јаболкопроизводители успешно го следат тој светски тренд.

Како што рече градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, во Преспа јаболкото значи живот.

-Над 3.000 семејства се поврзани со јаболкото од кои една половина, директно зависат само од него. Тука секој ден, секој разговор, започнува и завршува со јаболкото. Од година на година, врската помеѓу човекот и јаболкото станува се посилна и понераскинлива. Преспани, поминале низ многу тешки периоди, низ многу премрежја со временски непогоди и тежок пласман пласман на јаболкото, Но, вербата за едно подобро утре останала и тоа е лајтмотивот, што нашиот земјоделец го носи напред, рече Гошаревски.

Нашето јаболко, како што рече, не претставува симбол на раздорот, туку напротив симбол на мирот, соработката и пријателството помеѓу народите.

Според него, манифестацијата „Преспански јаболкобер" од година во година станува заштитен знак за Преспа. Почетоците на манифестацијата во нашата општина, како што рече, беа скромни, но со текот на годините манифестацијата станува бренд, по кој што Преспа започнува да се распознава како во државава така и во регионот.

-Со својата богата спортска и културно-уметничка програма, Преспа стана вистински промотор на македонската култура и традиција, а во исто време и голем број на познати културно-уметнички работници од Црна Гора, Хрватска, Албанија, Бугарија, Србија беа гости токму на Преспанскиот Јаболкобер, рече Гошаревски.

На денешниот голем христијански празник, Крстовден, првото јаболко го откинаа премиерот Заев, министерот Хоџа и градоначалникот Гошаревски со што симболично се означи почетокот на бербата на јаболка во Преспа. /МИА

притисни ентер