Турција уништува град стар 12 илјади години со изградба на брана

Секој ден стотици луѓе гледаат од бреговите на Тигар во југоисточна Турција, како пред нивните очи исчезнува древниот , 12000 години стар град Хасанкеиф , поради изградбата на брана.

Поради изградбата на гигантската брана Илису со височина од 135 метри, 80 километри од градот населен со милениуми, Хасанкејф , кој заедно со околните области ќе биде поплавен.

Поради проектот Југоисточна Анадолија од страна на владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економското закрепнување во најнеразвиениот дел од земјата, ќе бидат раселени 80.000 луѓе од 199 села и една неизбришлива урбана населба што ги поврзува модерните времиња, средниот век и антиката ќе исчезнат под незапирливата моќ на водата.

Површината на езерото треба да биде на 60 метри над денешното средно ниво на Тигар, што значи дека ќе бидат поплавени 80 проценти од Хасанкејф и околните населби, вклучувајќи 300 историски места што сè уште не се истражени.

Соседниот Ирак има сериозни забелешки на проектот, плашејќи се дека изградбата на браната може да го загрози снабдувањето со вода од Тигар.

Некои аналитичари заклучуваат дека Ердоган планира да го користи системот на браната Еуфрат и Тигар за да го контролира снабдувањето со вода не само во Ирак, туку и во Сирија, како средство за политички притисок.

Ирачките активисти предупредуваат дека оваа брана ќе го намали протокот на Тигар во Ирак за 40 проценти, дека квалитетот на водата ќе се влоши, ќе стане посолена и следствено, несоодветна за пиење и наводнување во Ирак.

Во областа каде што се гради браната, населението главно го сочинуваат Курди со само малку Асирци. До осумдесеттите години на минатиот век, традиционалните пештери покрај реката биле населени со Асирци и Арапски Христијани, но тие потоа емигрирале главно во Германија, Франција и Швајцарија, заради војната на турската влада против Курдистанската работничка партија (ПКК).

Изградбата на браната започна во 2006 година и Германија, Австрија и Швајцарија беа подготвени да учествуваат во проектот, но сите три земји ја повлекоа својата финансиска поддршка во јуни 2009 година.

Браната Илису ќе произведува 1200 мегавати електрична енергија и ќе биде четвртата по големина брана во Турција по однос на производството на енергија.

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер