Тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид – Струга

Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА ја потврди информацијата посочувајќи дека увидот е во тек и повеќе информации најави за утре.

– Незгодата се случила околу 19 часот на патниот правец Охрид – Струга. Полициски екипи вршат увид на местото, изјави Димоски за МИА.

Според очевидци, незгодата се случила меѓу товарно возило со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски регистерски ознаки.

Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од каде потврдија дека се на опсервација и повеќе детали најавија за подоцна.

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Струга е пренасочен по стариот пат.

Ердоган најави дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО, но не и Шведска

Синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО, но не и Шведска.

Тој повторно го критикуваше одбивањето на шведските власти да екстрадираат десетици луѓе наводно, како што тврди, поради поврзаност со курдските милитантни групи и други критичари на неговата влада.

„Ако сакате да се приклучите на НАТО, ќе ни ги вратите овие терористи“,вели Ердоган.

Во својот говор синоќа тој рече Турција можеби ќе даде поинаков одговор за Финска, додека Шведска ќе биде шокирана.

„Ние ѝ дадовме на Шведска список од 120 лица и им кажавме да ги екстрадираат тие терористи“,рече турскиот претседател.

Неговите коментари доаѓаат неколку дена откако Турција ги прекина разговорите за прифаќање на овие две земји како членки на алијансата. Тоа беше поттикнато од серија протести во Стокхлом, вклучувајќи го и оној на кој во близина на турската амбасада беше запалена копија од Куранот.

Шведските власти тогаш ги осудија протестите, но застанаа на страна на законите за слобода на говорот.

Ковачевски: Можеме и треба да бидеме дел од денешна Европа

Македонија може и треба да биде дел од денешна Европа, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“, која ќе трае два дена. 

Тој истакна дека решение за подобрување на стандардот на граѓаните има ако останеме посветени на приоритетите и создадовме предуслови за тоа.

Ковачевски, осврнувајќи се на постигнувањата во минатата 2022 година, рече дека Владата успеала да ги заштити граѓаните од енормното поскапување на храната како последица на енергетската и кризата предизвикана со војната во Украина. Зголемена е просечната плата, како и пензиите, кои и оваа година ќе бидат зголемени. Растот на пензиите, додаде тој, е загарантиран со закон.

Премиерот Ковачевски потенцира дека има нови инвестиции, како и вложувања во капитални инвестиции, направени се низа системски решенија, а има и домашно производство на храна и енергија.

Во своето обраќање тој детално информираше што се е направено во 2022 и што се планира во 2023 година во сите сектори, субвенционирањето и мерките за помош на компаниите и граѓаните.

– Плановите на Владата имаат за цел да обезбедат подобар стандард и подобри услови за живот на сите граѓани и во услови на најголемата светска економска и енергетска криза, истакна меѓу другото Ковачевски.

Во рамки на конференцијата во двата дена е предвидено одржување на вкупно осум панели на различни теми.

Целта на конференцијата е преку дискусија прво да се направи пресек на она што е направено во 2022 година, како и да се дадат насоки и визии за 2023 година.

На првиот панел „ЕУ интеграции и реформски процеси“ ќе се дискутира за евроинтегративниот процес, скринингот, европските фондови, општествените реформи како и владеењето на правото и европските вредности.

На вториот панел „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ ќе се разговара за капиталните инфраструктурни инвестиции, но и за достигнувањата и плановите, како и остварените и планирани капитални инвестиции во образованието, културата и животната средина.

На третиот панел „Инвестиции и економски раст во услови на криза”, ќе се дискутира за условите и можностите кои ќе обезбедат дополнителни странски и домашни директни инвестиции, ќе обезбедат нови работни места, повисок стандард, но и за генералните насоки за економски раст во услови на криза.

На четвртиот Панел „Социјални и здравствени политики во време на криза“, ќе се разговара за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата како и новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.

Во текот на вториот ден од конференцијата ќе се одржат исто така четири панели.

Утре средба Ковачевски – Таравари

 Ние ќе седнеме, веќе имаме стратегија, но уште еднаш ќе направиме што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови.

Претседателот на Владата на РМ, Димитар Ковачевски утре, најверојатно на Илинденска, ќе има средба со лидерот на Алијансата а Албанците, Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, потврдија за Канал 5 од АА.

– Ние ќе седнеме, веќе имаме стратегија, но уште еднаш ќе направиме што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови. Понатаму и за кадровските решенија ќе зборуваме. Ако ни ги исполнат барањата посебно програмските барања, не толку кадровски, тогаш ќе ги слушнеме и членовите на АА и ќе донесеме одлука дефинитивна, јас се надевам не за долг период, за многу кратко ќе се одлучи ова или сме или продолжуваме во опозиција ние сме навикнати на опозоција не ни е проблем тоа, изјави Таравари во петокот.

притисни ентер