Тројца полицајци повредени, а пет лица приведени за време на вчерашниот протест

Демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог се судирија со друга група граѓани кај плоштадот „Скендер бег“. Од надвозникот се фрлаа разни предмети.

Се создаде поголема тензија. Се појави маж со пиштол, па се слушнаа два истрела.

Во воздух пукаше Цуфи Кока, брат на вчера разрешениот директор на Комунална хигиена Скопје, Зуди Енуз кој доаѓа од партијата Алијанса за Албанците. Во моментите на пукањето во кругот на „Скендер бег“ има мал број на полицајци кои се обидуваат да ја растераат топлата. Непосредно, по инцидентот пристигна поголема група специјалци, по што судирот заврши.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека имало доволно распрередено полициски сили кои спречиле поголеми инциденти. Спред него, полицијата имала брза интервенција по пуконтиците.

„Јас мислам дека ја видовте сликата за интервенцијата и лицето е уапсено веднаш. – Откако испука? – Веднаш е уапсено. Значи нема место за ништо поинаку од тоа што се случуваше во моментот. Таму има уште две лица коишто биле на настанот. Тие се идентитфикувани и со нив се постапува во моментов.- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Покрај, Цуфи Кока, во јавноста синоќа излезе фотографија на уште едно лице со пиштол кај „Скендер бег“. Спасовски појасни дека имало и уште едно лице со огнено оружје. По нив двајца, полицијата се уште трага.

Со Оперативниот штаб кој ги следи протестите под мотото „Ултиматум – не благодарам“ раководи директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. Тој вели дека вчера немало повеќе полициски сили кај „Скендер бег“, бидејќи инцидентот од претходниот ден не бил пријавен во полиција.

„Имаме доволно полицајци. Случајот што беше насилен, полицајците го спречија. Претходниот ден, каде што господиниот новинар кажа дека имало претходно инцидент, не бил пријавен во полициска станица...“-Сашо Тасевски, директор на Биро за јавна безбедност .

Од МВР информираат дека поденесени се кривични пријави против 12 лица за учество во толпа кои протестираа завчера кога беа повредени 47 полицајци. Досега се приведени 15 лица, од кои тројца малолетници. Против едно лице е определено притвор, на седуммина куќен притвор.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер