29-годишната Џени Деди требало да се грижи за полу-подвижната 69-годишна Лиз Јангс, но снимките од надзорните камери откриваат дека наместо тоа, таа ја влече за коса, и ги турка прстите во лицето и устата и ја влече за нос.
Во текот на летото 2019 година, ќерката на жената од видеото, Корина Канингам, која живеела со неа во куќа во Норфолк, започнала да забележува полесни повреди како што се модринки и гребаници на лицето и телото на нејзината мајка.
Поради сè, вклучила камера, која цело време снимала во собата. Полицијата објаснила дека семејството на Лиз Јангс сакало снимката да се сподели јавно за случајот да остане запаметен откако Деди е приведена.
Според „Дејли меил“, за време на една посета, Деди зела куче со себе, кое ја изгребало Лиз Јангс, предизвикувајќи длабоки расекотини на нејзините нозе.
Деди, пишува понатаму, ја принудувала старицата да јаде и вербално и физички ја малтретирала. На видеото се гледа како ја влече за коса и ги турка прстите во лице.
Во една прилика ја оставила гола скоро цели 30 минути, со влажна коса и само со крпа над колената.
Семејството на Лиз Јангс го видело видеото во ноември 2019 година и веднаш им било јасно дека старицата била малтретирана, по што интервенирала полицијата.
Деди признала дека лошо се однесувала кон лице кое има потреба од посебна грижа и е осудена на шест месеци затвор.
"Знаеме дека објавувањето на оваа снимка предизвика силни реакции, целосно разбираме дека е тешко да се гледа. Го зедовме предвид ова пред да го објавиме. Семејството на г-ѓа Лиз сакаше да спречи слични случаи", објави полицијата, пренесува британски Мирор.