Трипуновски: Николовски и СДСМ трошат повеќе пари за снимање на спотови, отколку што дале пари за земјоделството

Љупчо Николовски и СДСМ трошат повеќе пари за снимање на скапи спотови, отколку што дале пари за земјоделството.

По стоти пат ќе кажам. На земјоделците не им треба вашата божемна милостиња, ниту скапите видеа кои си ги правите за себе промоција, туку реална помош со јасна стратегија.

Земјоделците имаат потреба од сигурен откуп и високи откупни цени, работи кои ги ветивте, а не ги исполнивте.

Земјоделците бараат да им го даде тоа што го заслужиле – почит.

Тоа не се луѓе кои сакаат да ги сожалувате, тоа се луѓе кои сакаат да работат, да го продадат произведеното и со гордо крената глава да речат дека се земјоделци.

Љупчо, исплатете ги субвенциите, обештетувањата, дополнителните мерки и многу други работи кои им ги должите на земјоделците. Не глумете душегрижништво. Времето ви проаѓа.

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Петар Колев

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Драги пријатели, полево и подесно ориентирани или неутрални, дали "Глас за Македонија" или "ГДУ" ќе добијат доверба од граѓаните да одиграат клучна улога во составување Влада, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Петар Колев.

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Дали последните "крикови" на ДУИ се премиер албанец?

Беса предизборно се "здружи" со СДСМ, Села од Алијанса се заканува дека ако Заев и Мицкоски создадат македонска, албанците ќе создадат албанска влада. Се "вжештува" ли реториката на нациоанлизам во недостаток на партиска програма?

До кога "сила" наместо "интелект" ќе го движи "кормилото" во државата?

Дали коронавирусот ја замагли европската перспектива на Македонија?

Ќе биде ли 2020-та година на шареноликост, вечерва на местото каде се говори Само Вистина со Солза Грчева и Петар Колев, само на Канал 5 Телевизија.

Oвчар жител на село Дорфулија настрада од гром

 Жител на село Дорфулија, во Општина Лозово, Светиниколско, загинал вчера од удар од гром додека го напасувал стадото овци.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена синоќа во 20 часот, а се случила на место викано „Дорфулиски ливади", кога 46-годишниот Т.Ш. од село Дорфулија, го удрил гром, додека напасувал стадото при што починал на самото местото.

Шахпаска: Поголеми шанси за младите, повисок младински стандард

На крајниот исток од нашата прекрасна земја, пулсира малата живописна Општина Пехчево. Денешниот ден ќе го поминеме токму со граѓаните на оваа општина.

Во близина на Пехчево се наоѓаат и темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методиј ја создале глаголица, најстарото словенско писмо.

Драги мои сограѓани, имаме многу причини зошто треба да сме горди на нашата земја, на културата,традициите, развиената цивилизација од дамнешно време , за која денес сведочи историјата.

Затоа, од Пехчево порачувам: Младите да си го почитуваат своето историско наследство на кое треба да бидат горди, а ние ќе направиме се за да ги задржиме дома.

Во таа насока, во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек.

Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%.

Во следниот период продолжуваме уште повеќе и уште подобро, овозможуваме шанса за сите, а особено за младите.

Проектиравме конкретни, ефикасни мерки и политики за следниот четиригодишен мандат.

Стапката на младинска невработност до 2024 година ја носиме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.

Силно го поддржуваме младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Во поранешното „Македонско село" формираме „Старт-ап село" („Start-Up Village") кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка.

Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите - тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело.

Додека СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, реализира мерки и можности за младите во нашата држава, ВМРО-

ДПМНЕ знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години.

Затоа на 15 јули изборот е едноставен:

Силна економија и шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули граѓаните, младите, одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите.

Јагода Шахпаска, носителка на листата во ИЕ 3

притисни ентер