Трипуновски: Македонија никогаш не била во поголема криза, за нас најважно е обезбедување благосостојба на граѓаните

Македонија никогаш не била во поголема криза, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, народот мора да бидат слушнати. За жал власта се затвора во својата безидејност и уште повеќе удира oнаму каде што не треба.

За нас како политичка партија најважно е обезбедувањето на благосостојба на граѓаните. Најважна ни е комуникацијата со народот.

Македонија пред овој предизвик на корона вирусот што силно удри врз економијата ги покажа сите слабости на власта. Ова е сериозен момент за малите фирми, за работниците, за земјоделците. Економскиот удар на епидемијата нив најмногу ги погоди!

Родот на градинарите останува по нивите, сточарите се соочуваат со проблеми во пласманот на јагнето, земјоделците буквално не знаат како да врзат крај со крај. Проблеми многу, а власта која што е најповикана да ги реши, освен популизам не превзема речиси ништо.

Во овој момент на Македонија повторно и е потребна мудроста на народот. ВМРО-ДПМНЕ почнува нова акција заедно со вас! „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија".

Како и секогаш, отворени сме за вашите проблеми, искушенија, прашања и предлози. Понудете идеи, пишете ги вашите предлог решенија и испратете ни ги на отворената електронска пошта, „[email protected]".

Сите пристигнати прашања и идеи ќе бидат разгледани од експертите во нашите соодветни комисии. Од нив ќе произлезат идеи и решенија кои повторно ќе ги доставиме до власта. Заедно ќе понудиме решенија за Македонија, со можност да бидат спроведени.

Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози за земјоделците, за малите и средни фирми, за занаетчиите, за туристичките работници, да помогнеме на невработените лица. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност.

Низ историјата заедно сме минале низ сите искушенија, заедно ќе ги поминеме и овие предизвици.

Тука сме да помогнеме. Време е за работа и зa одлучност. Мора и владата да покаже исто така зрелост.

Заедно да се избориме побрзо да дојдат подобри времиња! Затоа што Ја сакаме Македонија!, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер