Трипуновски: Лошото справување со африканската свинска чума е само дел од проблемите

Лошото справување со африканската свинска чума е само дел од проблемите во земјоделието, одговорност мора да има.

Лошото справување со африканската свинска чума е само дел од проблемите во земјоделието, одговорност мора да има

Протест на земјоделците од Свети Николе !

Лошото менаџирање со државното земјоделското земјиште и неспособноста во справување со Африканската чума кај свињите се само дел од проблемите кои ги мачат земјоделците од овој крај !!!

Одговорност за овие злодела мора, и ќе има!!!

Цветан Трипуновски - ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Овде живеел Саша Поповиќ пред да се збогати, нема да верувате кој му бил дедо (Фото)

Хармоникашот и човекот одговорен за кариерите на бројни млади пејачи, Саша Поповиќ, може да се пофали со многу интересна животна приказна.

Еден од најмоќните и секако најбогатите луѓе на регионалната музичка сцена е роден во 1954 година во Нови Сад, каде живеел до 1996 година кога се преселил во Белград. Со своите баба и дедо, родителите и пет години постарата сестра живеел во парохискиот дом покрај Николаевска црква каде што служел неговиот дедо. Стеван Поповиќ бил свештеник три децении.

Едно време се шпекулираше дека токму дедото на Поповиќ ги венчал Алберт и Милева Ајнштајн во Николаевската црква.

- Не знам дали дедо ми ги крстил децата на Милена и Алберт Ајнштајн. Она што е сигурно е фактот дека тој беше првосвештеник 30 години, во периодот 1933-1963 година – изјави еднаш Поповиќ за локалните медиуми.

Како дете сакал да игра фудбал, па татко му го одвел на првиот натпревар на фудбалскиот клуб „Војводина“ кога имал осум години. Оттогаш фудбалот му станал главна преокупација. Неколку години тренирал во Војводина и сонувал професионално да се занимава со тоа. Сепак, животот го одвел во сосема друга насока.

Неговиот татко му купил хармоника, а подоцна Поповиќ се запишал во средно музичко училиште и ја продолжил музичката кариера. Веќе на 17 години имал свој оркестар со кој настапувал на разни веселби. Со емотивна и финансиска помош на родителите го основал оркестарот „Лира шоу“ со кој доживеал голема популарност. Пресвртот се случил кога Милован Илиќ Минимакс во неговата емисија „Претежно ведро“ на гостите им пуштил снимка од настапот на оркестарот на Поповиќ. Тогаш Брена го добила прекарот „Лепа“, а оркестарот „Лира шоу“ официјално станал „Сладки грех“.

Инаку, Саша Поповиќ е во среќен брак со Сузана Јовановиќ со кого ја имаат ќерката Александра. Сузана од првиот брак го има и синот Даниел.

Фото: Манекенка во бикини на плажа во Мајами

Светски познатата манекенка, модел и ди џејка Шантел Џефрис е фотографирана на плажа во Мајами.

30-годишна убавица уживала во својот слободен ден, а фоторепортерите знаеле каде ќе направат вистински нејзини жешки фотографии.

Атрактивната Шантел уште еднаш покажа дека е модел со природни облини - без силикон и филер.

Шантел сака сонце и плажа и ја користи секоја можност да ужива во животот.

Регионалната соработка е клучна за надминување на енергетската криза

ФЕС - Битиќи, Нуредини, Бочварски: Регионалната соработка е клучна за надминување на енергетската криза, реализацијата на Зелената агенда за Балканот бара регионална соработка.

Фондацијата Фридрих Еберт, во соработка со Амбсадата на Сојузна Република Германија во Македонија, денеска организираа конференција на тема „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“ на која се обратија министри од земјата и регионот, координатори, советници и претставници на граѓански организации.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи потенцираше дека регионалната соработка е клучна за успехот од надминување на енергетската криза.

„Решавањето на проблемите кои произлегоа од оваа криза не може да се решат индивидуално, туку заедно со меѓусебна поврзаност и конкурентност.

Буџетската поддршка од 80 милиони евра која Европката Унија ни ја дава за справување со кризата за нас е важна, но за регионот се исклучително важни оние 500 милиони евра кои ЕУ ќе ги обезбеди за земјите од Западен Балкан за заеднички инвестиции во енергетска стабилност и диверзификација.

Ова на дело ќе ја покаже нашата подготвеност за соработка и заедничко премостување на кризата“, рече Битиќи.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека реализацијата за Зелената агенда за Балканот бара регионална соработка и градење на регионално усогласени зелени политики.

Во однос на постигнувањето на климатските цели и постигнувањето на економија со нула емисии, најголем предизвик е декарбонизација, бидејќи од една страна се соочуваме со енергетска криза, а од друга страна со застарени технологии во најголемите енергетски капацитети. Тие се уште користат јаглен од причина што историски гледано како држава многу малку сме инвестирале во овој сектор, особено во промената на енергенсите што ги користат и нивно ориентирање кон обновливи извори на енергија. Патот кон декарбонизација иако на национално ниво е јасно зацртан, тој мора да се потпира и врз регионално усогласени политики за спроведување на праведна зелена транзиција“, истакна Нуредини.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека регионалната соработка и регионалното инфраструктурно поврзување е високо на агендата на Министерството за транспорт и врски.

„Отвораме нови можности за граѓаните и за економијата, го градиме и модернизираме стратешки значајниот Коридор 8, со цел забрзана интеграција на целиот Западен Балкан. Република Македонија преку отворање на "зелените коридори" на границите овозможи непречен и забрзан проток на стока и услуги, со што значајно придонесовме кон заедничката регионална соработка и забрзан економски развој. Продолжуваме со реализацијата на крупни капитални проекти за транспортно и енергетско поврзување, придонесувајќи кон еден поврзан и развиен регион“, посочи Бочварски.

Генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум - асоцијација на шесте национални комори од регионот на Западен Балкан Татјана Штерјова Душковска потенцираше дека економските аспекти на соработката во рамките на Берлинскиот процес се движат паралелно со прогресот на политичките аспекти на овој процес, па од овие причини, разбирливо е можеби што во изминатиот период прогресот на спроведувањето на зацртаното во Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар не беше на посакуваното ниво, имајќи го предвид и оддолжувањето во интегративните процеси на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

„Определбата на приватниот сектор е дека воведувањето на регион со целосна примена на четирите слободи (слободно движење на лица, стоки, услуги и капитал низ регионот на Западен Балкан) е клучно за обезбедување на поконкурентни и резистентни компании во регионот, и Берлинскиот процес игра клучна улога во реализацијата на оваа цел. Коморскиот инвестициски форум го следи прогресот на спроведувањето на Акцискиот план со фокус на гледиштата и ставовите на приватниот сектор во однос на придобивките кои ги носи оваа регионална економска соработка, а извештајот за 2022 година ќе биде презентиран во текот на оваа недела. Паралелно со ова, како асоцијација на стопанските комори од регионот работиме на подигнување на капацитетите на приватниот сектор во рамките на програмата за развој на добавувачи, што треба да придонесе за подигнување на нивните капацитети за спроведување на Зелената агенда во Западен Балкан“, порача Штерјова Душковска.

Асистент професор на школата за бизнис во Копенхаген Олимпија Хритова Заевска посочи дека еден од клучните фактори да изградиме просперитетен регион за нас и привлечен регион за инвестиции, е заеднички - регионално да ја ревитализираме и изградиме нашата технолошка, научна и истражувачка инфраструктура.

„Во моментот учеството на земјите од Западен Балкан во пан-европски истражувачки проекти е незабележително. Во ера на Индустрија 4.0 мораме да сме поамбициозни во научна и технолошка смисла бидејќи токму тоа ни недостасуваше во последните три декади и не успори во градење на компетитивност на регионот. Да не се залажуваме дека можеме да сме компетитивни и привлечни без инвестиции во образование и наука“, додаде Христова Заевска.

Државниот секретар во Министерство за економија Размена Чекиќ Дурович инфорнираше дека со последните измени на Законот за енергетика кој беше објавен во Службениот весник обезбеден е и правен основ за развој на овој национален план за развој на енергија и клима и на две години ќе се прави посебен извештај за реализација на мерките кои се предвидени на националниот план за енергетика и клима.

„Тоа ќе го правиме заедно во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во овој план се предвидени многу мерки и активности, 63 конкретни политики и мерки, но се во различни дејности и сектори. Во делот на декарбонизација предвидуваме реализација на активности и за ублажување на климатските промени со тоа што ќе се намалат емисиите на стакленички гасови“, потенцираше Чекиќ Дурович.


притисни ентер