Трипуновски до Николовски: Твојот шеф Заев и брат му Вице кршеа полициски час да делат поткуп и го загрозија здравјето на луѓето

Љупчо, директно твојот шеф Зоран Заев и неговиот брат - Вице, во Струмица ставија во ризик стотици луѓе, Ваши активисти и цело маало, со цел да соберат политички поени. 

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Љупчо, директно твојот шеф Зоран Заев и неговиот брат - Вице, во Струмица ставија во ризик стотици луѓе, Ваши активисти и цело маало, со цел да соберат политички поени. Кршевте полициски час за да делите поткуп, а кога Ве фатија и санкционираа, Заев пишуваше фејсбук статуси и обвинуваше за политички притисок.

Дали Наќе Ви е виновен и за тие масовни собири кои ги правевте при распределба и делење на поткупот организиран од Заеви!?

Зошто кога Ви поведоа постапка обвунувавте за притисок!?

Дали Наќе е виновен и што не го уапси Оливер Спасовски, кој во ек на коронавирус си тераше партиска кампања и стави во ризик десетици, поточно стотици луѓе во ризик!? Или ако преземеше дејствија ќе се жалевте наоколу дека трпите политички притисоци, а Вие всушност го кршите законот!?

Срамота Љупчо! Покажи грам срам, наведни ја главата и не пишувај за да го револтираш народот. Твоите пајташи со дозволи од партијата го злоупотребуваа полицискиот час и делеа поткуп, ширеа зараза и ставаа луѓе во опасност, напиша во својот статус на Фејсбук Трипуновски.

Повторно прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа

 Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, информира АД „Пошта на Македонија" – Скопје.

Оттаму истакнуваат дека се во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и оти своето меѓународно работење го прилагодуваат на постојната состојба откако пандемијата на Ковед-19 во државите ширум светот предизвика значителни промени и во меѓународното поштенско работење.

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк: http://ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки , а тој се ажурира согласно околностите во државите.

Од националната пошта ги повикуваат сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

Последната денешна ажурирана состојба покажува дека поштенски пратки може да се испраќат во Австрија, Албанија, Англијам Аргентинха, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Италија, Израел, Јапонија, Коосво, Летонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија, Хонг Конг, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

– АД „Пошта на Македонија"– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи, стои во објавата на веб страницата на поштенското претпријатие.

Во Кичево за гласање се пријавиле 36 болни со Ковид- 19 и лица во самоизолација, 483 немоќни и хронично болни

 Во општина Кичево за гласање на парламентарните избори, во Општинската Изборна Комисија се пријавиле вкупно 36 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација и 483 немоќни лица и хронично болни.

– Лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе гласаат на 13 јули во нивните домови, немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули, информира преседателот на Општинската Изборна Комисија, Антигона Сфери.

– Инаку во Кичево се намалува во континуитет бројот на гласачки места, во последниот избирачки процес се гласаше на 115 гласачки места, додека пак на 15 јули кичевци ќе гласаат на 113 гласачки места. Ова се случува поради намалување на гласачи на избирачките места под десет гласачи, тие што останале се префрлуваат во најблиското гласачко место до нивното живеалиште, вкупното гласачко тело во Кичево изнесува 50.409 лица , додаде Сефери.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во седум часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.

Германски виролог : Ќе има не само втор , туку и трет бран на корона

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има и втор и трет бран на инфекција со ковид- 19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцината.

Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцинацијата, и покрај фактот дека огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

"Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе сега случај. Ние, исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, како што беше случајот со Гитерлох", објасни еден од водечките виролози во Германија.

притисни ентер