Тримчевска: МОН да ја сфати сериозноста на моментот, веднаш да се укине државната матура

Хаосот во образованието наместо да се средува, тој само се зголемува.

Цел месец преку медиуми и преку пресови го повикуваме министерот за образование да преземе чекори, а и му нудиме решенија за успешно завршување на наставната година.

Наместо решенија, од врвот за образованието, од МОН, се испраќаат недоречености, постојани дописи со неостварливи барања. Тоа создава притисок и врз учениците и врз наставниците, нервозни родители и ученици заради неорганизираност, уплашени наставници заради лоша интернет конекција со системот. И тоа се само неколку елементи кои што во услови на вонредна состојба ја дополнуваат и онака веќе видливата тензија.

Почитувани,

Власта и надлежните во министерството мора да ја сфатат сериозноста на моментот и конструктивната помош која што ја нудиме.

Уште еднаш нагласуваме, предлагаме.

Веднаш да се укине државната матура, и сите чинители да се ослободат од стресот за текот на полагањето. Оние на кои што ќе им биде потребна, полагање на матурата да се закаже во септември.

Веднаш да сопрат заканите до наставниците со казни од Државниот просветен инспекторат.

Веднаш МОН и БРО да изготват скратена програма до завршување на наставната година, со јасни насоки до наставниците како да постапуваат по неа.

Да се растеретат наставниците од неизводливото реално оценување.

Е-Дневникот не функционира. Да не се инсистира на негово пополнување со програма која не е реализирана, туку да се сведе на бележење на реално оствареното.

Да се обезбеди обука за родителите на децата со посебни образовни потреби за обезбедување на континуитет и усвојување на основни, елементарни знаења.

Почитувани,

Ова се само дел од мерките и решенијата и инсистираме министерот за образование итно да ги спроведе, бидејќи се најитни за успешно завршување на наставната година. Доколку министерството смета дека му е потребно дообјаснување, слободно може да не повика на помош.

Во ова време на болест и страв, на учениците да им го понудиме реално изводливиот максимум, да побараме од нив да бидат одговорни и исполнителни, да ги научиме на истрајност и корисно потрошено време. На наставниците им предлагаме да се подготват да го надоместат пропуштеното, само есенцијалното, на почетокот на идната година, на родителите да останат смирени, а на сите им препорачуваме во овие тешки моменти да си го чуваат здравјето и да седат дома.

Милка Тримчевска, ВМРО-ДПМНЕ

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер