Триесет лица со Ковид-19 и во изолација ќе гласаат на 13 јули во Штип

Триесет лица кои се заразени со коронавирусот, но и лица кои се во изолација се пријавиле да гласаат на 13 јули, информира денеска претседателката на Општинската изборна комисија Штип, Сенка Андреева.

Во моментов во Штип има над 160 активни случаи на Ковид-19 и 258 лица се во изолација. Поголем е бројот на пријавени за гласање на 14 јули. До ОИК пристигнале 214 барања за остварување на правото на глас од страна на болните и изнемоштени лица, кои гласаат во истиот ден со осудениците од штипскиот затвор.

Андреева истакна дека се интензивни подготовките за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Пристигнат е недоверливиот материјал, како што се гласачки кутии, паравани и заштитна опрема, а доверливиот материјал го чекаат во недела. Во Штип од 77 избирачки места вкупно 14 ќе ја менат локацијата, поради незадоволување на здравствените протоколи.

Гласачите на овие избирачки места се веќе информирани преку медиумите и на таблата на ОИК-Штип.

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски.

Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Почна аплицирањето во УЈП за финансиска поддршка за плати за ноември

Работодавачите од денеска започнаа да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за ноември годинава  БФП-ИП/2 , а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат барање за финансиски средства БФС-СВД/2. 

Од Управата за јавни приходи велат дека во текот на првиот ден ја потврдиле комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември на околу 5 000 работодавачи

Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот Е-Даноци ( Е-ТАХ).Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот Е- ПДД. Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.

Поддршката од државата за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава е предвидена со четвртиот пакет мерки за помош на стопанството поради здравствено-економската криза

За исплата на плати за вработените за октомври годинава беше предвидена поддршка од 951 252 239 денари. Одобрени се, како што велат од УЈП, 13 813 барања на работодавачи од кои за 12 470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата, со кои се опфатени 60 895 вработени. Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за октомври изнесува вкупно 329 792 920 денари, а доставени се налози за исплата на 4277 самостојни вршители на дејност.

Поддршката за исплата на плати се обезбеди согласно падот на приходите во компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари./МИА

Во Тетовско за зборување на телефон при возење изречени 66 казни во ноември

Во ноември сообраќајните полицајци на подрачјето на тетовскиот регион откриле вкупно 66 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возила.

Од СВР Тетово потенцираат дека зборувањето на мобилен телефон, претставува и честа причина за сообраќајни несреќи, поради што до возачите се апелира да се воздржат од користење на вакви апарати додека го управуваат возилото.

-Користењето на мобилен телефон во голема мерка им го одвлекува вниманието на возачите и ја доведува во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите дека користењето на мобилен телефон за разговор, пишување пораки или за други цели при управување со возилото претставува прекршок за кој е предвидена парична глоба од 40 евра во денарска противвредност, согласно член 24 точка 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Од почетокот на оваа година, вкупниот број на санкционирани возачи за овој вид сообраќаен прекршок изнесува близу 600.

притисни ентер