Триесет илјади ученици од социјално загрозени семејства ќе добијат интернет за да учат

Договорот денеска во Владата го потпишаа министерот за информатчко општество и администарција Дамјан Манчевски и директорот на „Македонски телеком" Никола Љушев, во присуство на министерот за образивание и наука Арбер Адеми.

Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18 400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком" за да пристапат на интернет само за платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

Договорот денеска во Владата го потпишаа министерот за информатчко општество и администарција Дамјан Манчевски и директорот на „Македонски телеком" Никола Љушев, во присуство на министерот за образивание и наука Арбер Адеми.

Картичките за бесплатен интернет учениците од семејствата кои примаат социјална помош ќе ги ги добиваат месечно до крајот на учебната година, а дистрибуцијата ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа.

Министрите се заблагодарија за донацијата од „Македонски телеком", нагласувајќи дека во овие околности е важна солидарноста и општествената одговорност на компаниите кои може да се вклучат во помагање на ранливите категории.

– Со овој договор се овозможува наставата во основните и средните училишта која се организира со учење од дома да е достапна за сите. Имајќи предвид дека имаме деца кои немаат интернет-пристап за е-настава, се наметна потребата да им помогнеме и за децата од социјално загрозените семејства „Македонски телеком" донира 18.400 картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно. Интернетот ќе биде наменет за овозможување пристап само до платформите за учење согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука На овој начин, не оставаме ни едно дете, на сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е и вонредна помош, рече Манчевски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми потсети дека учењето од дома веќе се смета за формална настава и значи дека учебната година не е прекината и ќе продолжи до предвидениот рок кога треба да заврши.

Тој му се забагодари на „Македонски телеком" за општествената одговорност, како и на ангажманот на миниистерот Манчевски кој, како што рече, од првиот ден се заложил ова да се реализира. Адеми очекува дека со оваа донација е надминат уште еден предизвик и дека наставата ќе продолжи да се организира без сериозни проблеми.

Директорот на „Македонски телеком" Никола Љушев рече дека непречено образование на децата во овие услови е најважен приоритет, особено за децата што немаат можност за учење од далечина како придобивка од интернетот.

– Иако сме земја со фиксен интернет-пристап од околу 80 проценти на тероторијата, околу 30 илјади деца од социјален ризик или 18.400 домаќинсва не се во можност да ја следат наставата. Во овие услови должни сме да ги следиме мерките, но и да дадеме решенија на предизвиците. Соработката на надлежните институции со бизнис-секторот сега е клучна. Имаме одговорност да обезбедиме силна и стабилна интернет-врска, но и морална обврска ,да придонесеме за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба, рече Љушев, додавајќи дека за нив вакви донации не се новина, а овојпат во соработка со МОН и МИОА одлучиле да најдат решение за еднакви услови за дигитална настава за сите деца. /МИА

Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор

Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

„Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави на државната телевизија доцна синоќа дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди, имајќи предвид дека Иран нема да чека 12 дена за да реагира“.

Оружарката од филмот „Rust" осудена за убиството на Халин Хачинс

Оружарката од филмот во кој глуми и актерот Алек Болдвин,  „Rust"  Хана Гутиерез-Рид е осудена на 18 месеци затвор за смртта на Халин Хачинс. 

Инаку, Хана беше прогласена за виновна за убиство од небрежност во март, а казната што и е изречена денеска е најтешката казна досега во правниот спор околу смртта на Хачинс, односно трагедијата на сетот на филмот „Rust". Случајот се уште е далеку од завршен, пишува The Guardian.

Судењето на Алек Болдвин, кој беше копродуцент на филмот покрај главната улога, е закажано за 10 јули, откако големата порота го прогласи за виновен за убиство од небрежност.

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали.

Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

На прашање на студент - дали тој ќе мора да пуши канабис ако одлучи да студира во Германија, Шолц одговори дека не сите студенти во Германија земаат полесни опојни дроги.

- Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, туку сакаме помалку луѓе да го прават тоа. Сакаме повеќе јавна едукација за тоа. Одговорот е едноставен: Не пушете. Јас оваа година ќе полнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис, изјави Шолц.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде што денеска во Пекинг ќе има средби со раководството на земјата. Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе во Германија конзумирале канабис.

притисни ентер