Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока

Трибина насловена „Македонија, придонесот и континуитетот од Св. Климент Охридски до денес“.

Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сорабoтка со централната комисија за култура на партијата денеска по повод 8ми Декември, Св.Климент Охридски организираше трибина насловена „Македонија, придонесот и континуитетот од Св. Климент Охридски до денес“.

На трибината, претседателката на Градскиот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Слободанка Џеповска објаснувајќи за животот и делото на Св. Климент Охридски истакна дека Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени и за што се бориме токму ние како Македонци.

Кога станува збор за Св. Климент и неговите дела тогаш можеме да кажеме дека станува збор за основоположник на се што е македонско и се што е значајно за нас како Македонци. Бидејќи биле свесен дека со својот говор може да допре до своите слушатели, до сиот народ и до генерациите кои ќе дојдат по него тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид, не само на Балканот туку и во целиот словенски свет. Низ оваа висока просветна богословна институција во текот на 30 години поминале околу 3.500 ученици на кои им биле откриени длабоките вистини на светото писмо и на светото предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмара, туку напротив тој постојан бил зафатен со работа.И деца учел и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го поминувал во молитви и богомислие.Неговиот труд не останал без плод. Неговите ученици напредувале и во знење и во добродетален живот. Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени и за што се бориме токму ние како Македонци, посочи Џеповска.

Професорот Михајло Марковиќ, рече дека е важно да ја повторуваме македонската вистина по однос на милениумскиот континуитет и милениумскиот пат на еден од најстарите јазици во светот, а тоа е македонскиот јазик кој што несомнено влезе меѓу 10те најстари јазици.

Важно е да знаеме да ја повторуваме македонската вистина по однос на милениумскиот континуитет и милениумскиот пат на еден од најстарите јазици во светот, а тоа е македонскиот јазик кој што несомнено влезе меѓу 10те најстари јазици кои што имаат свои долговековен и милениумски континуитет. Не само како јазик туку како културолошки код кој што денес ние го имаме, изјави Марковиќ.

На настанот свое обраќање имаше и проф. д-р Бранислав Светозаревиќ, кој се осврна на македонскиот јазик низ сведоштвата на европските автори од 15-тиот до почетокот на 20-тиот век. Тој набројувајќи безброј сведоштва од странски автори додаде дека со истите треба сериозно да се позанимава македонската наука.

- Сите факти и сведоштвата од Европа објавувани во вековите наназад во кои се зборува не за словенски јазик од Македонија, туку за македонски јазик кој го зборуваат Македонците од тоа време се вистински предизвик за нашата наука. Ќе треба многу да се вложува за да овие вистини допрат до сите нас и до светската јавност. Особено ќе има работа за лингвистите но и нова главоболка за македонските негатори, но денот во кој го прославуваме Св. Климент и неговото дело нека остане вечна инспирација на сите Македонци да си го почитуваме и негуваме македонскиот јазик, затоа што Конески не поучи дека јазикот е нашата татковина, а Мисирков запиша: „Значит да се откажит једен народ од својот јазик, се велит да се откажит он и од сам себе и своите интереси“. Нека е честит празникот“, потенцираше Светозаревиќ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер