Трибина Млади 20-24: Младите да се охрабрат и започнат свој бизнис, државата денес нуди огромна поддршка преку бројни мерки програми

Младите од Велес денеска учествуваа на програмската трибина Агенда – Млади 20-24, на која дебатираа на тема „Младинска невработеност" во организација на СДММ, соопштија од СДСМ.

На денешната трибина се обратија Виктор Велевски, генерален секретар на СДММ, Љупка Црвенова од ЛК Велес и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор".

СДММ започна процес на широки консултации со млади луѓе и креирање решенија и мерки за млади, кои ќе станат дел од официјалната предизборна програма за мандатот на новата Влада, за периодот 2020 – 2024 година.

„Невработеноста кај младите беше еден голем проблем кој ја мачеше нашата младина и ако направиме една паралела од пред 3 години и до денес земајќи ги во предвид мерките кои се направени ќе видиме огромна разлика", рече Виктор Велевски, Генерален Секретар на СДММ, отворајќи ја трибината.

Тој посочи дека во 2016 година младинската невработеност изнесувала 49%, а денес според податоци од Државниот завод за статистика, во последниот квартал стапката на невработеност кај младите е намалена на 35%. А со Оперативниот план за вработување од 2017 до 2019 година, опфатени се вкупно 9585 млади лица.

Во 2020 Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување е со рекорден буџет до сега од 1,4 милијарди денари, со кој се планира да се опфатат 12.000 невработени лица, од кои 67% млади до 29 години, со што се прикажува заложбата на Владата предводена од СДСМ за што поголем опфат на младите и нивна инклузија на пазарот на трудот, истакна Велевски.

Тој ги посочи за успешни мерките, како: „Самовработување со грант" на АВРМ, преку која неповратни средства за отворање сопствен бизнис имаат добиено 1524 млади, преквалификацијата и доквалификацијата на невработените млади лица за ИТ вештини од која бенефит имаа 820 лица, финансиската поддршка за новоосновани „старт-ап" и „спин-оф" претпријатија, мерката млад земјоделец со која оваа година се зголемува сумата од 10 - 20 илјади евра и младинскиот додаток од 3000 денари за млади вработени во производство и земјоделство.

Денес, грантовите се доделуваат неселективно и врз основа на проект и план, дополни Велевски.

Нашата држава е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а во 2018 година започна со воведување на „Гаранција за млади", како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе до 29 години, истакна Љупка Црвенова од ЛК Велес .

Таа посочи дека во 2018 година, иако Гаранцијата за млади се спроведе само во три пилот општини: Гостивар, Струмица и Скопје, веќе во 2019 таа се спрове на територија на цела држава со посебен акцент на трите најранливи региони: полошкиот, југозападниот и североисточниот регион.

На младинската трибина учествуваше и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор".

Тој посочи три стратешки промени кои се случија со доаѓањето на оваа власт. Тоа се: голема поддршка на домашните компании, зајакнување на човечкиот капитал и вработување на младите во производството, фокус на ит професионалци, а во иднина порача дека треба да се зголеми поддршката на старт ап бизнисите и претприемнишвото .

Тој истакна дека Фондот за иновации конечно ја врши задачата која ја има и има вистинско место во државата, а тоа е поддршка за започнување на свои бизниси. Тој ги повика младите луѓе да се охрабрат и да започнат свој бизнис посочувајќи го отворениот повик за Старт ап програмата во Фондот за иновации кој нуди помош од 30.000 евра и 15% учество.

Во нашата држава има огромен потенцијал, треба да го искористиме тоа, затоа им пораќувам на младите да работат локално, а да размислуваат глобално, заврши Андреев.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

притисни ентер