Три новозаразени и три лица оздравени од коронавирус во Кичево

Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 28. 

Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа, забележани се три ново заразено лице и три лица оздравени од коронавирус во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина моментално е 294 лица, од кои 28 се активни, 252 се излекувани и 14 лица се починати.

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 28. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 294 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 252, додека бројот на починати е 14. Бидејќи и денеска нема никакви промени според податоците тројца новозаразени и тројца оздравени, што значи продолжува поволниот тренд, кој би сакале да продолжи и во наредниот период, со мал број на новозаболени и секако поголем број на оздравени случаи, вели д-р. Џабир Бајрами, директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево./МИА

Средба Бектеши -Брнз

САД е стратешки партнер на Македонија, поддршката на бизнисот е клучна за развојот на економијата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата министерот и амбасадорката разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата.

Амбасадорката Брнз упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори, како и поддршката на младите претприемачи.

Министерот потенцираше дека од главните цели на Министерството за економија е поддршката на малите и средни компании со цел зголемување на нивната конкурентност, како на домашниот така и на странските пазари.

Министерот информираше дека во делот на реформите за подобрување на условите за водење бизнис Mинистерството изготви законско решение со кое се овозможува отварање на фирма со почетен капитал од 1 евро, што ќе значи дополнителен поттик за младите претприемачи да се охрабрат да започнат бизнис.

Во делот на енергетиката министерот се заблагодари на поддршката која што ја даде САД во изготвувањето на Законот за енергетика кој што е од стратешка важност за обезбедување на енергетска стабилност на државата.

Ја информираше амбасадорката за стратешките проекти во делот на енергетиката кои што се спроведуваат во моментов и кои е предвидено да се реализираат во наредниот период кои што ќе значат подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментот е справување со социо-економските последици предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19 како и мерките за рестарт на економијата.

Почна со работа балканската база на податоци со информации за 4.000 ретки болести

Почна со работа балканската база на податоци за ретки болести, регионален проект што ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска (БиХ), јави дописникот на МИА од Белград.

Координаторот на проектот, Бојана Миросављевиќ за РТС изјави дека „освен пребарување на информации за болестите, постојат и форуми за пациентите и лекарите и тоа ќе биде нивно прибежиште".

Базата на податоци е регионален проект кој ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска, истакна Миросављевиќ, мајката на малата Зоја, која почина од Батеновата болест и по која беше донесен законот за борба против ретките болести.

-За време на нашата борба се уверивме дека голем број пациенти и лекари не го знаат доволно англискиот јазик за да го користат во медицински цели, а единствените информации за ретките болести се наоѓа на европскиот портал -Orfanet на англиски јазик, рече Миросављевиќ.

Таа додаде дека повеќе од 4.000 ретки болести се преведени во базата на податоци.

– Она што е важно, освен пребарувањето на информации за овие болести, е дека постојат и форуми за пациенти, затворени форуми за лекари и тоа ќе биде нивно засолниште. Вмрежувањето на пациентите и лекарите е важно за нас, посочи Миросављевиќ.

Базата на податоци се наоѓа на интернет-адресата retkebolesti.com, а Миросављевиќ нагласи дека ова е почеток, дека проектот не е завршен, но дека е одлична база на податоци и основа за подобрување на положбата на пациентите.

Град Скопје: На 193 пријавете оган на отворено, продолжува борбата против аерозагадувањето

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.

Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.

Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани. Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година - 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

- Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов.

Оваа кампања, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.

На денешната прес-конференција присуствуваше и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

притисни ентер