Три години затвор за Фарук Буки од случајот „Двојник", условни за Колевска и Шпишиќ

Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник". 

Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години.

Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки. Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ .

Судењето за овој предмет го води судијката Оља Ристова.

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

притисни ентер