Три доживотни, 15 и девет години казна затвор за обвинетите за „Монструм"

Случајот „Монструм" го води судијата Огнен Ставрев, заедно со судијата Осман Шабани и тројца портоници, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. 

Судот ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Случајот „Монструм" го води судијата Огнен Ставрев, заедно со судијата Осман Шабани и тројца портоници, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во името на граѓаните на РМ по советување и гласање Основниот кривичен суд Скопје, како провстепен Кривичен суд ја донесе слената пресуда:

– Обвинетите Халил Демири и Африм Исмаиловиќ се прогласуваат за виновни дека го сториле кривично дело тероризам од член 394б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, ги осудува на казна доживотен затвор. Обвинетиот Агим Исмаиловиќ се прогласува за виновен дека го сторил кривично дело тероризам од член 394б став 1 во врска со член 22 од КЗ и го осудува на казна доживотен затвор. Обвинетиот Хаки Азири се прогласува за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 2 во врска став 1 од Кривичниот законик, па за секое кривично дело судот го осудува од по пет години затвор и го осудува на единствена казна затвор од девет години. Обвинетиот Фејзи Азири се огласува виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, и за секое кривично дело го осудува на единствена казна затвор од 15 години, изјави судијата Осман Шабани.

Обвинителката Фатиме Фетаи од Судот побара да им одреди мерка притвор.

Обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обвнител Љубомир Јовески, и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари" да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.

– Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството, рече Азири.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети. /МИА

Џоди Фостер ја бакна сопругата, кога дозна дека го освоила Златниот глобус (ВИДЕО)

Џоди Фостер ја бакна својата сопруга Александра Хедисон кога дозна дека го освоила Златниот глобус.

58-годишната Џоди и 51-годишната фотографка Александра на кауч, облечени во пижами, го следеле доделувањето на Златните глобуси. Тие не ја криеја радоста кога Џоди беше прогласена за добитничка на наградата за споредна улога во драмата Мавританец.

„Ја сакам мојата сопруга, ти благодарам, Алекс“, рече Џоди, која на светот му објави дека е хомосексуалка уште на Златните глобуси во 2013 година.

Меѓу нив на каучот било и нивното куче Зиги, а објавата на наградата Џоди ја добила од нејзината пријателка, актерката Џејми Ли Кертис.

Џоди и Александра се венчале во април 2014 година, откако биле една година во врска.

Досега 329 пријавени за Нобеловата награда за мир

Досега 329 кандидати се пријавиле за Нобеловата награда за мир за 2021 година, што е најголем број и има повеќе од рекордната 2016 година, кога на крајот се пријавиле вкупно 376 кандидати.

Досега се пријавиле 234 физички лица и 95 организации и иако не се објавени имињата на кандидатите, оние што номинираат кандидати можат јавно да го објават името на нивниот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини (Гави9), Коалиција за иновации за време на епидемијата (Цепи), пренесува Фигаро.

Меѓу кандидатите се повторно Доналд Трамп, неговиот зет Џеред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ, Мухабед бин Зајед ел Нахајан, Грета Тунберг, Алексеј Навални, белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобеловата награда се чуваат во тајност, и можат да бидат номинирани од членови на парламентот и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.

СЗО: По 7 недели, повторно пораст на бројот на заболени од ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, денеска изјави дека минатата недела се зголемил бројот на нови случаи на корона вирусот, првпат по седум недели.

Тедрос го нарече ваквото зголемување „разочарувачко, но не изненадувачко“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките за борба против ширењето на инфекцијата, пренесува Ројтерс.

Досега се регистрирани скоро 15 милиони случаи на коронавирус во светот, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“.

Според веб-страницата, 14.816.302 лица се разболеле од последиците на пандемијата, повеќе од 2,5 милиони починале, а повеќе од 90,4 милиони се опоравиле од корона вирусот.

притисни ентер