Три деца се борат за живот, откако се забиле во жардињера, возачот со лесна повреда

Три од четирите деца се со многу тешки повреди и во животна опасност.

-Оваа урната бетонска жардињера зад мене сведочи за сообраќајната незгода која се случила рано в зори, откако петнаесетгодишник, превезувајќи и тројца тинејџери со него, со возило удрил во неа. Сите се во болница.

Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4.30 по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ - Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму. Во меѓувреме, петнаесетгодишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на подколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

Инаку, секој петти фатен без возачка дозвола бил малолетник, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи, според кои околу 20% од оние кои ги запрела полиција, а немале со себе дозвола за управување со возило се деца, односно немаат наполнето 18 години. Во полициските билтени се почесто млади возачи завршуваат во некој бетонски блок, а според психолозите, љубопитноста кај тинејџерите и желбата да се проба се, треба да биде аларм за поголема внимателност кај родителите за да може да се избегне ситуација „од играчка – плачка“.

Поголем дел од граѓаните што случајно ги пресретнавме токму на стара „Водњанска“ велат дека освен да се советуваат младите, треба да се тргнеме од себе си и да ја подигнеме сообраќајната култура, бидејќи децата учат токму од нас, возрасните.

Според последните статистики, во просек по 125 лица годишно ги губат животите во сообраќајни несреќи. Годишно се случуваат околу 3.500 сообраќајни незгоди со повредени лица, при што со повреди, во просек, во тек на една година се здобиваат од 5.500 до 6.000 лица.

Мадона продолжува со чудни објави: Губи фанови побргу од тонењето на Титаник

Кралицата на попот и понатаму ги загрижува обожавателите со своите објави на социјалните мрежи.

Така таа неодамна објави видео во кое носи црна маска од тантела додека пркосно држи црно стапче во устата и, изгледа, се снима себеси.

Следбениците тешко се справуваат со прилично необичните објави на Мадона и масовно негодуваат на однесувањето на нивниот „некогаш омилен уметник“.

- Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник, напишал еден корисник на Инстаграм.

– Претпоставувам дека некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба, додаде друга.

- Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. е**но го изгуби умот, пишува во друг коментар.

Од друга страна, некои излегоа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна од почетокот на кариерата.

- Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави - да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо, заклучила еден обожувателка.

Бајден наредната седмица ќе ја објави поддршката за прием на Африканската унија во Г20

Американскиот претседател, Џо Бајден, наредната седмица ќе ја соопшти поддршката на СAД за прием на Африканската унија во Групата Г20 на најголемите светски економии како постојани членки, изјави денеска претставник на Белата куќа.

Бајден ќе го соопшти тоа за време на Самитот на американско-африканските лидери во Вашингтон, изјави советникот на Белата куќа, Џад Девермонт.

„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните разговори за глобалната економија, демократијата и управувањето, климатските промени, здравјето и безбедноста“, посочи тој.

Претседателот на Африканската унија и претседател на Сенегал, Меки Сал, и претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, го повикаа Бајден да ја зголеми нивната застапеност во Г20, изјави Девермонт за весникoт „Вашингтон пост“.

Јужна Африка е единствената земја членка на Г20 од Африка.

притисни ентер