Трета жртва од коронавирусот во Македонија, 29 новозаболени

Трета жртва од коронавирусот во Македонија. Почина 66 годишната дебарчанка која подолг период беше на респираторна машина, информираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Во последното деноноќие регистирани се 29 нови случаи, со што бројката на дијагностицирани пациенти од коронавирусот се искачи на 177 луѓе, од кои еден излекуван и 3-ца починати. Откриени се и првите пациенти во Прилеп и во Велес. Најмногу регистирани има во Скопје, нови 20, а вкупно 108 лица.

По шестнаесет дена регистирани се и првите заболени од Клиниката за кожни болести кои беа ставени во самоизолација откако беше  дијагностицирана директорката на оваа Клиника. 

Филипче информираше дека по направена проверка негативен е тестот на четворица заболени пациенти кои подолго време се на Инфективната клиника. Во текот на следните денови ќе им биде направен уште еден тест, а тројца од нив се во значително подобрена состојба и доколку и вториот тест се покаже негативен тие ќе бидат испратени на домашно лекување.

притисни ентер