Трет обид за формирање Младински совет во Кочани

Општина Кочани објави нов јавен повик за номинирање членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува конституирањето на Младински совет, откако претходните две постапки беа неуспешни.

Повикот се однесува на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои треба да поднесат пријава до локалната самоуправа со која ќе номинираат свои претставници.

-Конституирањето на Локалното собрание за млади на Општина Кочани е постапка утврдена со Законот за младинско учество и младински политики, при што кандидатите за членови треба да се жители на општината. Иницијативниот одбор се формира за да се одржи конститутивното собрание на млади. Неговата работа завршува со свикување на првото собрание. Младинскиот совет е тело кое треба да помогне во афирмацијата на младите луѓе во општината и активностите што треба да ги вклучат во идниот политички, општествен и социјален развој на локално ниво, истакнуваат од правниот сектор на Општина Кочани.

Пријавувањето на јавниот повик трае до 5 март, а потребните документи, начинот, рокот и местото на поднесување се опишани на веб-страницата на Општина Кочани.

Првичните активности за оформување на Младинскиот совет беа почнати пред околу седум години, но заложбите на тогашното раководство во локалната самоуправа останаа без успех. /МИА

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер