Трендафилов: Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот

Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на недела неработен ден и 72 часа работна недела, воведена за изградба на инфраструктурни објекти од стратешки интерес за државата односно за коридорите 8 и 10д.

-За жал, Уставниот суд до денеска не се одважил да информира за иницијативата, иако е изработена со поддршка од професори на Правниот факултет. Првпат покрај наши експерти кои ги има во синдикатите, поддршка добивме и од професорите од Правниот факултет од Катедрата за трудови право за да може да ја изготвиме најдобрата иницијатива до Уставниот суд, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Очекува, рече, Уставниот суд да донесе барем привремена мерка на таквото законско решение и дека тоа може да го направи по сопствена иницијатива или, ако е потребно, ССМ може да поднесе и иницијатива за привремена мерка која ќе ја стопира примената на законот.

Трендафилов рече дека за пополнување две илјади работни места за почеток на изградбата на коридорите се пријавиле само 300 работници односно 10 отсто од потребниот број. Тоа, рече, е затоа што „не може да очекувате работник да дојде да работи по 72 часа неделно за мизерна, минимална плата“.

-Ако сакате да ви го изградиме автопатот побрзо, поефикасно и поевтино, ние стоиме на располагање како работници, меѓутоа за достоинствени плати, достоинствени и пристојни услови за работа, почитувајќи ги мерките за безбедност и здравје при работа. Се плашиме за животот и здравјето на работниците кои почнале да ги градат овие автопатишта. Очекувам Уставниот суд најбргу што може да ја спречи оваа кражба на работничкиот труд и да спречи Македонија да биде Ел Дорадо за одредени бизнис-интереси на штета на работничките права, рече претседателот на ССМ.

Никаде во ЕУ, додаде тој, не се работи 72 часа неделно, туку 38 па дури и 35 часа, а се воведува и четиридневна работна недела во одредени дејности и индустрии.

-Не сакаме да ја видиме Македонија на светските часописи како што тоа беше случајот со Катар и изградбата на стадионите каде починаа огромен број работници токму поради вакво непочитување на работното време, рече Трендафилов.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер