Трендафилов: Уставни измени со одложено дејство не се можни - Канал 5

Трендафилов: Уставни измени со одложено дејство не се можни

„Причините се 27 земји членки на ЕУ, политичкиот консензус во Бугарија резолуцијата на нивниот Парламент и рамката и постапките што треба да се реализираат со двата протоколи“

Трендафилов: Уставни измени со одложено дејство не се можни

Невозможно е мислам дека се беспредметни изјавите и мислам дека им е јасно и на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни измени со одложено дејство не се можни. Причините се 27 земји членки на ЕУ, политичкиот консензус во Бугарија резолуцијата на нивниот Парламент и рамката и постапките што треба да се реализираат со двата протоколи. 80% од вестите во Македонија се протоколарни, дури и кога има бил атерална средба отсуствува заедничко соопштение на двете страни. Министрите наназад ни кажуваат приказни низ годината, сте слушнале ли од некој да не добиеме поддршка, а на ЕУ самитот таму нешто друго се случува, рече Ѓорѓи Трендафилов во Само Вистина.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

 Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе допатува в петок во Англија на задолжителните медицински прегледи пред неговиот трансфер во Ливерпул, објави денеска „Скај Спортс“.

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

Вирц ќе се пресели во редовите на новиот англиски првак од Баер Леверкузен, откако двата клуба се договорија за трансферна сума од 116,5 милиони фунти, од кои 100 милиони се загарантирани, а остатокот во форма на потенцијални бонуси.

Во зависност од неговите перформанси, годишната плата на Вирц ќе биде од 195.000 до 245.000 фунти неделно.

Трансферот на Вирц се случува на негово барање, одбивајќи да биде продаден на друг тим.

„Скај Спортс“ наведува дека Вирц совршено се вклопува во тактичката поставеност на Ливерпул и во англискиот тим гледа најдобар потенцијал за развој.

Минатата сезона, Вирц одигра 31 натпревари во Бундеслигата и заврши со десет голови и 13 асистенции. /МИА

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави.

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“, изјави Нетанјаху за Еј-Би-Си-Њуз во интервју кога беше прашан за извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер од загриженост дека тоа ќе ја интензивира пресметката меѓу Иран и Израел.

„„Вечната војна“ е она што го сака Иран, а тие нè доведуваат до работ на нуклеарна војна“, рече Нетанјаху.

„Всушност, она што го прави Израел е спречување на ова, ставање крај на оваа агресија, а ние можеме да го сториме тоа само ако се спротивставиме на силите на злото“.

притисни ентер