Тренчевска: Семејното насилство го има и во развиените земји

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, за Канал 5 вели дека воспоставен е систем за жртвите на семејно насислство, но дека е во малите средини се уште не се пријавуваат сите случаи на семејно насилство. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Најмалку тројца ранети и осум уапсени демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим

Најмалку три лица се повредени, а осум се уапсени доцна синоќа во Ерусалим во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата пред приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија израелските медиуми.

Според „Тајмс оф Израел“, полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Ерусалим претходно за да го изразат својот протест против владата на Нетанјаху поради неуспехот да постигне договор за заложниците, јави ДПА.

На протест пред зградата на Кнесетот (израелскиот парламент) демонстрантите повикаа на предвремени избори, како и на договор за олеснување на ослободувањето на преостанатите израелски заложници кои се држат во Појасот Газа.

Владата на Нетанјаху ја сочинуваат неговата десничарска верска партија Ликуд, како и екстремно десничарски и ултра-религиозни коалициски партии. /МИА

Новата рекламна кампања на Бајден вредна 50 милиони долари е насочена кон осудата на Трамп

Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден ќе се фокусира кон пресудата за кривично дело на републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во кампања од 50 милиони долари пред првата претседателска дебата меѓу двајцата кандидати на 27 јуни

Тоа е еден од најголемите трошоци за рекламирање на кампањата досега и означува голема промена во пристапот на Бајден кон признавањето на вината на Трамп по првичното колебање на претседателот да донесе одлука за ова прашање за да избегне вмешаност во правните проблеми на поранешниот американски претседател.

„Репутацијата е важна“ е слоганот на рекламата од 30 секунди во која се вели дека „овие избори се меѓу осудениот криминалец кој се бори за себе и претседателот кој се бори за вашето семејство“, правејќи спротивставеност меѓу двајцата кандидати.

Видеото ќе се емитува во сите клучни држави, како и во оние каде што републиканците и демократите си разменија пратенички места на последните избори.

На 30 мај, Трамп беше прогласен за виновен од поротата во Њујорк по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи.

-Нечесниот Џо Бајден и демократите го користеа правосудниот систем како оружје против претседателот Трамп, а оваа нова реклама уште еднаш докажува дека лажното судење отсекогаш имало за цел да се меша во изборите, но Американците можат да го сфатат тоа, напиша на социјалните мрежи портпарол на кампањата на Трамп на мрежата „Х“.

Бајден и Трамп остануваат изедначени во анкетите на помалку од пет месеци пред изборите, но Трамп има предност во клучните држави кои ќе одлучуваат за изборите./МИА

Бостон ги надмина Лејкерси и постави нов рекорд за најмногу титули во НБА

Бостон изутрина на свој терен го победи Далас со 106:88 во петтиот меч од финалето на НБА и по 18-ти пат во историјата стана шампион. 

Најпродуктивен играч на средбата беше домашниот играч Џејсон Тејтум, кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 11 асистенции. Кај Маверикс се истакна Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скока.

Селтикси серијата ја завршија со 4:1 во победи и сега имаат најмногу шампионски титули во историјата на лигата, надминувајќи ги Лејкерси, кои освоија 17.

Трет на оваа листа е Голден Стејт вориорс кои седум пати победувале во НБА плејофот.

Бостон претходно ги освои титулите во 1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1989, 1989, 1984, 1981.

Џејлен Браун беше прогласен за МВП на финалето. Дваесет и седумгодишниот Американец во серијата од пет натпревари имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции. /МИА

притисни ентер