Тренчевска: Се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории

 До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. 

Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец.

-Да, се дискутира и за мерките што треба да ги предложи Работната груба, ги предложија всушност до Владата за да ги поддржиме и особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон, предлог-одредби за утврдување на минималната пензија. Меѓутоа, не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение зашто, сепак, тоа е комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија. Ќе продолжи Работната група, а мерките за сите ранливи категории граѓани очекуваме до крајот на оваа недела да бидат донесени од страна на Владата, рече Тренчевска.

Според неа, со мерките најверојатно ќе бидат таргетирани најранливите пензионери, оние со најниски пензии.

-Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории пензии ќе бидат опфатени, ќе бидат опфатени поголем број пензионери, а секако ќе бидат опфатени и други ранливи категории граѓани. До кога пензионерите би можеле да ја користат оваа мерка, ќе биде објавено штом мерките ќе бидат прифатени, односно усвоени на владина седница. Верувам дека до крајот на неделата ќе имате информација за се она што како пакет на антикризни мерки Владата ќе го донесе, кои категории граѓани ќе бидат опфатени и колку месечна ќе биде поддршката, информира министерката по посетата на Општина Ѓорче Петров.

Тетка на 12- годишен израелски заложник: Му пуштале снимки од крвавите напади на Хамас

Цел ден од Израел пристигнуват сведоштвата за ослободените заложници кои ги држеше Хамас во Газа.

Тетката на Ејтан Јахаломи, 12-годишниот француско-израелски заложник кој вчера беше ослободен од Газа, изјави дека Хамас го принудиле да гледа видео снимки од крвавите терористички напади врз Израел на 7 октомври.

„ Ејтан преживеа ужаси“, изјави Дебора Коен за BFM TV. „Секогаш кога детето ќе плачел, ќе му се закануваа со пиштол за да го замолчат“, вели таа. „Сакав да верувам дека Ејтан ќе биде третиран добро. Очигледно не. Тие луѓе се чудовишта“.

Ејтан е еден од тројцата француски Израелци кои беа ослободени вчера, заедно со Ерез и Сахар Калдерон. Вчера во Израел беа вратени вкупно 11 заложници, објави Скај Њуз.

„12-годишниот Ејтан Јахаломи повторно се соединува со својата мајка откако премина во Израел по 52 дена заробеништво на Хамас. Неговиот татко Охад, кој беше застрелан и заробен одвоено од Ејтан, се верува дека сè уште е во Газа“, напиша таа.

Израелците тврдат дека уште 12 заложници се ослободени, од затвор излегуваат 30 Палестинци

Петтата рунда заложници е предадена на Црвениот крст, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Примопредавањето вклучува 10 Израелци и двајца странски државјани, соопшти ИДФ, додавајќи дека ослободените заложници се на пат кон израелска територија.

Во исто време, триесет палестински затвореници се очекува да бидат ослободени од израелските затвори, бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас продолжува, според информациите објавени и од Клубот на палестинските затвореници и од израелските затворски власти.

Меѓу лицата што треба да бидат ослободени се 15 жени и 15 машки деца, кои се под 18 години и се сметаат за деца според меѓународното право, објави Си-Ен-Ен.

На француски медицински брод ќе се лекуваат повредените Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет.

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

притисни ентер