Тренчевска: Носењето на нов општ колективен договор е неопходно

Економскиот социјален совет денеска ја оддржа седмата седница, на која се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор, како точки на оваа седница.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог.

На денешната седница социјалните партнери се договорија да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст , уште еднаш ќе се разгледа на следна седница на ЕСС. Во работната група, ќе учествуваат претставници од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи и Бизнис конфедерацијата и Синдикатите.

Од страна на експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати, беше презентиран предлог законот, по што се отвори дискусија за истиот. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење.

Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, соопшти Владата.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер