Тренчевска: Кризите и ранливоста на граѓаните ни покажаа колку е важна социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата насловена  „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.

Тренчевска денеска се обрати на конференцијата насловена „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за социјална работа и социјална, Филозофски факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика како поддржувач и коорганизатор.

Конференцијата која е од меѓународен карактер ги обедини научната фела и практичарите од областа на социјалната работа од регионот и од светот на едно место.

Министерката ја поздрави идејата и нејзината реализација денес и наредните два дена заедно со учесниците на конференцијата да се зборува за еден толку значаен сегмент во секое општество - социјалната политика.

Институтот за социјална работа и социјална политика кој претставува посебна работна единица на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ одбележува 65 годишни од неговото основање. По тој повод министерката им посака успешната работа и уште многу високостручни и научни кадри за работа во домените на социјалната, детската и здравствената заштита како и во доменот на образованието.

Преку долгогодишниот период на наставна дејност, Институтот за социјална работа, земајќи ги предвид динамичните реформски промени на полето на социјалната политика и социјалната заштита на национално ниво, како и светските тенденции во образованието на социјалните работници, постојано работи на осовременување на концептот на студиските програми по социјална работа и социјална политика.

„Преку студиските програми се адресираат современите потреби на идните социјални работници. Програмите кои ги нудат овозможуваат едукација за недискриминирачки однос во процесот на давање услуги со посебен акцент на социјално ранливите категории на граѓани кои се соочуваат со социјални ризици како резултат на нивниот социјален и економски статус, етничка припадност, пол, возраст и друго,“ рече Тренчевска.

Оттука и тесната поврзаност и соработка на Министерството за труд и социјална политика и Институтот за социјална работа. Многу заеднички проекти од социјалната сфера кои директно се насочени кон ранливите категории и обезбедувањето на можности за достоинствен живот за сите.

„ Македонија по Устав е социјална земја. Земја која се грижи за секој граѓанин и која овозможува помош и поддршка за сите. Промените во Законот за социјална заштита, проширувањето на правата кои ги добиваат граѓаните, воведувањето на нови социјални услуги за ранливите категории граѓани, развојот на иновативни заштитни пристапи покажуваат дека ние посветено работиме на комплетирање на системот на поддршка на граѓаните,“ истакна Тренчевска.

Таа потенцираше дека, промените во социјалната работа течат според промените во општеството.

„Пандемијата со Ковид 19, но и економската и енергетската криза пред кои бевме исправени периодот зад нас, потребите и ранливоста на граѓаните ни покажаа колку е важен системот на социјална заштита,“ посочи таа.

Таа се осврна на професионалците од областа кои ги иницираат промените.

„Претставниците на академијата се оние кои ги носат промените, ја креираат живоста на социјалниот систем и оние кои говорат гласно за секоја категорија и за правата кои треба да бидат водени. Затоа повеќе од чест ми е што сме едни од покровителите на оваа конференција. Јубилејот на Институтот за социјална работа и социјална политика, е воедно и јубилеј на нашиот систем за социјална заштита. Зошто професионалците од овој систем се оние кои ги имплементираат нашите промени, “ порача Тренчевска, соопшти МТСП.

Косовската полиција изврши претрес на пет локации на северот на Косово

Косовската полиција изврши претрес на пет локации на северот на Косово во врска со инцидентот во Бањска

Во три општини на северот на Косово утринава се извршени проверки од страна на косовската полиција во врска со вооружениот напад во селото Бањска што се случи минатиот викенд. Косовската полиција информира дека претресите се во координација со ЕУЛЕКС и КФОР.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека претресите се поврзани со настаните во Бањска и дека почнале утрово околу шест часот. Акцијата завршила еден и пол час подоцна, односно во 7:30 часот. Нема уапсени лица.Претрес, како што пренесе Радио Слободна Европа , извршен е и во близина на ресторанот „Греј“, кој се претпоставува дека е во сопственост на Ема Радоичиќ – сопругата на Милан Радоичиќ, потпретседателот на партијата Српска листа, кого косовските власти го обвинија оти учествувал во нападот во Бањска.

Според Косово онлајн претрес е извршен и во Градската болница во Северна Митровица, а директорот на болницата изјави дека полицијата ги земала снимките од видеонадзорот и искршила неколку врати.

Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече закон за амнестија

Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.

Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ испраќате порака: „ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО“.

Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија.

Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела.

Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите и да се остане ден повеќе на власт.

Демократски сојуз

Бен Кардин се враќа на чело на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат

Сенаторот Бен Кардин ќе биде новиот претседател на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат, на местото на Боб Менендес, кој е обвинет за земање мито и корупција.  

Неделава беше изгласана резолуција за назначување на Кардин на таа должност.

Во меѓувреме, Менендес, сенатор од Њу Џерси кој падна во немилост, не ја признава вината и покренатата федерална тужба против него. Кардин, високорангиран сенатор од Мериленд познат по својата активност за заштита на човековите права, веќе по втор пат ќе го замени Менендес како раководител на комитетот.

Кардин раководеше со овој комитет од 2015 до 2018 година откако на Менендес му беа покренати обвиненија за корупција, што потоа судот ги отфрли.

Сенаторот Кардин, кој идната недела полни 80 години, објави дека нема да се номинира за резибор идната година.

Менендес минатата недела го ослободи местото претседател на комитетот, а според правилата на партијата затоа што се покренати обвиненија за кривично дело.

Во споредба со онаа во 2015 година, федералната тужба против него овојпат е многу посериозна (за мито обвинета е и неговата сопруга), и повеќе од половина од демократите во Сенатот повикаа тој да си поднесе оставка.

Кардин е автор на законот Магнитски, американски закон создаден во чест на адвокат од Русија кој беше измачуван до смрт од руските власти, а што предвидува санкции против нарушителите на човековите права во целиот свет.

Менендес е обвинет за незаконско лобирање во полза на Египет и примање мито од над милион долари.

Назначувањето на Кардин за претседател на комитетот сигнализира дека се можни промени во американските односи со Египет. Тој неодамна ја искритикува одлуката на Бајден овој месец да додели 235 милиони долари воена помош на Египет, земја која не е позната по почитување на човековите права.

-Ако сакаме да покажеме на светот дека почитувањето на човековите права е клучен аспект од интересите за национална безбедност на САД, треба да направиме уште повеќе таквите влади да се повикаат на одговорност, изјави Кардин по овој повод.

И други законодавци повикаа разгледување на одлуката на администрацијата за помош за Египет, во позадина на обвиненијата против Менендес.

притисни ентер