Тренчевска:Централно место во нашите политики имаат граѓаните

Нивните потреби и приоритети, затоа довербата во СДСМ постојано расте, истакна Тренчевска на трибината „Најдоброто за нашата општина" во Пробиштип.

Изминатите години креиравме политики, проекти и активности, и на централно и на локално ниво кои значат подобар стандард на граѓаните, поголеми плати на работниците, поголеми пензии на пензионерите, кои го унапредуват квалитетот на живот на сите граѓани, истакна членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска на трибината „Најдоброто за нашата општина" во Пробиштип.

Таа нагласи дека во време на пандемија покажавме што значи да се грижиш за секој граѓанин, за секоја компанија, за секое работно место.

Преку социјален дијалог креиравме шест пакети економски мерки вредни една милијарда двесте и шеесет милиони евра кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите, спасивме 100.000 работни места и успеавме да ја задржиме економската стабилност во државата, истакна Тренчевска.

Таа наведе дека за 4 години минималната плата е зголемена за 6000 денари, од ниските 9.000 на 15.200 денари, просечната плата денес е над 28.000 денари, пензионерите добиваат повисоки пензии, кои два пати годишно се усогласуваат со растот на тошоците на живот, социјалната помош е за 300% зголемена, воведена е државна социјална пензија, СДСМ ја исправи децениската неправда кон стечајните работници, 13.000 лица денеска добиваат месечен надоместок од 9.240 денари.

Со усвојување на измените на Законот за социјална заштита, ја спуштивме границата за лична асистенција од 18 на 6 години, сега личен асистент ќе може да добие секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете со веќе навршени шест години, истакна Тренчевска.

Таа нагласи дека СДСМ континуирано инвестира во раното детско образование, затоа за само 9 месеци отворивме 12 градинки во кои се згрижени околу 700 деца, а до крајот на годината вратите ќе ги отворат уште 13 нови градинки.

Продолжуваме да креираме политики во кои централно место имаат граѓаните, нивните потреби и приоритети, затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, најдоброто за Пробиштип, затоа СДСМ е победникот на прeтстојните локални избори, порача членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска на трибината „Најдоброто за нашата општина".

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер