Транспортерите бараат посебни пунктови за корона-тестови и продолжен рок за регистрација на возилата

Транспортерите бараат посебни пунктови за брзи корона-тестови и пролонгирање на рокот за регистрација на нивните возила до завршувањето на кризата. 

Во овој момент, како што рекоа денеска на прес-конференција, воопшто не смеат да губат време на закажување термини преку матични лекари, зашто нивната дејност е клучна за непречена размена на стоки и навремено снабдување на граѓаните и индустријата. Регистрацијата, пак, на товарните и патничките моторни возила во ваква ситуација би била дополнително финансиско оптоварување за сите.

Според Филип Манојловски од Услужната комора на Македонија, засега транспортерите работат со преполовен капацитет. Загуби секојдневно бележат, но колкави ќе бидат тие ќе се знае по завршувањето на вонредната состојба. Проблемите со застојот на граничните премини и вадењето специјални дозволи за да не се оди 14 дена во карантин, полека се елиминира.

Фокусот на увозот и извозот засега е ставен на неопходните продукти – прехраната и индустријата.

-Апелираме, осигурителните компании да ја продолжат важноста на полисите додека трае вонредната состојба. Потребно е да се преземат и вонредни мерки како генерално одложување на обврските за рати на кредити овие три месеци во целост. Откако ќе заврши кризата да се продолжи нормално враќање на ратите, а тоа да се примени и за одложување на лизинг обврските, потенцира Манојловски и додаде дека треба да се разгледа можноста, К-15 за вработените да се одложи со уредба за наредната година или да се укине обврската за годинава. Дел од мерките кои се преземени во Словенија во оваа насока, се зголемување на платите на оние гранки кои во моментот се најоптоварени како медицинскиот персонал, вработените во трговија, транспорт,…, рече Манојловски.

Според него, ако запрат со работа возачите на товарни возила кои сега се најизложени на ризик и се одговорни исто како докторите, полицијата, војската и медиумите, рафтовите во маркетите би останале празни, економијата би ризикувала застој, а фабриките би имале проблеми со дистрибуција на производите. Во овој контекст напомена дека Царинската управа и царинските службеници мора да работат со полн капацитет, а Владата итно да ги донесе неопходните економски мерки.

Манојловски укажа дека транспортните компании и натаму ги обезбедуваат и запазуваат сите превентивни мерки донесени од Владата за заштита и превенција од КОВИД-19. Секојдневно се врши дезинфекција на возилата, се обезбедуваат заштитни маски, ракавици и заштитни навлаки за обувки согласно сите препораки. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер