Трамп за Кина: Нашите односи се нарушени, можеа да ја спречат епидемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денес оцени дека односите помеѓу САД  и Кина се „сериозно нарушени“, наведувајќи ја кризата со коронавирусот.

Тој рекол дека за сега не планира втора фаза од економскиот договор потпишан во јануари помеѓу двете светски сили.

Трамп повторно во изјава го обвини Пекинг за кризата со коронавирусот.

„Кина можеше да ја запре епидемијата со коронавирусот“.

Прашан за втората фаза од комерцијалниот договор потпишан после две години трговска војна тој одговорил:

„Не размислувам околу тоа за сега. Искрено, имам многу други работи за кои треба да мислам“.

Нејмар вреди колку целиот тим против кого ќе игра во Лигата на шампиони

Четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и ПСЖ ќе има најголема диспропорција кога станува збор за парите потрошени на платите и вредноста на играчите.

Анализирајќи ги платите на играчите, „Ла Газета дело Спорт“ заклучи дека Нејмар заработува исто толку годишно колку и целиот тим на Аталанта. Имено, бразилскиот напаѓач има годишна плата од 36 милиони евра, додека за Аталанта најмногу платените Папу Гомез, Јосип Илишиќ и Дуван Запата, заработуваат 1,2 милиони евра по сезона.

Исто така, постои огромна разлика во трансферите на играчите. ПСЖ го донесе Нејмар летото 2017 година со рекордна исплата на Барселона во историјата на фудбалот во износ од 222 милиони евра, додека во јули 2018 година го доведоа Килијан Мбапе од Монако за 135 милиони евра.

Од друга страна, најскапото засилување на Аталанта е колумбискиот напаѓач Луис Муриел, за кого и плати на Севиља 20 милиони евра обештетување (јуни 2019), а на второто место е хрватскиот играч од средниот ред Марио Пасалиќ, чиј договор го купија од Челси ова лето за 15 милиони евра. Најдобриот играч на клубот, аргентинскиот играч од средниот ред Папу Гомез, ги чинеше само 4,5 милиони евра, онолку колку што во 2014 година платиле на украинскиот Металист од Харков.

Нови 109 заразени со Ковид 19, оздравени се 422 , починалa една пациентка

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.

Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5166, активни 1177

• Куманово 1163, активни 263

• Дебар 219, активни 128

• Штип 965, активни 319

• Прилеп 346, активни 42

• Тетово 1092, активни 171

• Струга 479, активни 160

• Велес 238, активни 27

• Битола 167, активни 74

• Охрид 300, активни 77

• Кавадарци 125, активни 103

• Гостивар 571, активни 306

• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 41, активни 25

• Крива Паланка 26, активни 12

• Радовиш 35, активни 11

• Крушево 16, активни 5

• Кочани 112, активни 23

• Пробиштип 63, активни 18

• Демир Хисар 43, активни 29

• Македонски Брод 53, активни 41

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 33, активни 29

• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 4

• Свети Николе 244, активни 116

• Кичево 202, активни 121

• Ресен 146, активни 12

• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Голема експлозија во Балтимор, затрупани луѓе под урнатините (ВИДЕО)

Голема експлозија го потресе американскиот град Балтимор,што разнесе неколку куќи.

Според локалните пожарникари, луѓе, вклучително и деца, биле заробени под урнатините.

Како што јави Си-Ен-Ен, досега се спасени три лица, а по другите се трага. Пожарникарите соопштија дека тројцата спасени се во критична состојба.

Сè уште не се знае што довело до експлозијата.

притисни ентер