Трамп во драматично обраќање до нацијата: Се приближуваме до времето што ќе биде ужасно

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на Американците да се подготват за голем број смртни случаи поради инфекцијата со коронавирус во наредните денови, додека земјата се соочува со најлошите две недели од пандемијата.

„Ќе има многу смртни случаи“, рече Трамп во обраќањето.

Тој ги отфрли критиките дека неговата администрација не сторила доволно за набавка на респиратори кои им биле потребни на многу критично болни пациенти, наведувајќи дека некои државни гувернери бараат повеќе респиратори отколку што им треба.

„Стравот од недостиг доведе до побарувања и недостиг “, рече Трамп, коментирајќи ги барањата до неговата администрација за обезбедување медицинска опрема од стратегиските национални резерви.

САД имаат најголем број на инфицирани во светот. Повеќе од 306,000 луѓе се позитивни во САД, а над 8.300 заболени од коронавирус починале.

Медицински експерти од Белата куќа предвидуваат дека меѓу 100.000 и 240.000 луѓе би умреле во пандемијата, дури и со мерките за останување дома.

„Се приближуваме до времето што ќе биде ужасно“, рече Трамп пред Белата куќа. „Можеби досега не сме виделе вакви бројки. Можеби само за време на Првата светска војна или Втората светска војна“, рече американскиот претседател.

Во најцрниот ден во државата Њујорк за време на пандемијата, 630 луѓе биле заразени со коронавирус во последните 24 часа, изјави во саботата гувернерот Ендрју Куомо.

Болеста однесе 3.565 животи досега во Њујорк , а ситуацијата е особено вознемирувачка во Лонг Ајленд, каде бројот на заразени лица се шири „како пожар“, рече Куомо на прес-конференција.

Според здравствените експерти, Њујорк би можел да го достигне врвот за една недела.

„Сè уште не сме на врвот, но се приближуваме. Според нашите проекции, тоа ќе биде за околу една недела“, рече Куомо.

Во градот Њујорк се повеќе од една четвртина од сите смртни случаи поврзани со коронавирус во САД, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Болниците и мртовечниците во градот се борат да ги прифатат сериозно болните или да ги погребаат мртвите.

Поради ризикот од инфекција, многумина кои имаат сериозно болни роднини во Њујорк не можат ни да ги видат своите најблиски во последните моменти.

Вработен во болницата во Њујорк соопшти дека тој и неговиот колега морале да направат неколку телефонски повици за време на секоја смена минатата недела, а тоа биле известувања за смртта. „Многу е тешко да се раскажат вести за смртта на некој близок без да бидат во можност да се видат своите најблиски“, рече тој.

Специјалните резерви на медицинска опрема што и се на располагање на владата на САД скоро се при крај , а тоа се однесува на заштитна облека за лекарите и медицинските сестри.

Гувернерот Куомо објави дека кинеската влада обезбедила донација од 1.000 респиратори кои пристигнале во саботата. „Тоа многу ќе ни помогне“, рече тој.

Испраќањето на респираторите е резултат на разговорот на 27 март меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави извор близок до владата.

Скоро сите Американци се дома по наредба на сојузни или локални власти, освен ако не мора да одат по продукти или на лекар.

Областите како Флорида или Тексас, кои полека преземаат строги мерки, исто така воведоа мерки на социјална оддалеченост и престој дома.

„Гледаме што се случува во Њујорк, гледаме дека луѓето умираат“, изјави сенаторот од Флорида, Рик Скот, за „Фокс њуз“.

„Луѓето почнаа да сфаќаат дека единствениот начин да се забави болеста и да се избегне смртта е да останат дома и да излезат само како последно средство“, рече гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Сепак, имало и собири. Така, пасторот од Луизијана, Тони Спел, вели дека планира три верски служби во неговата голема црква во Батон Руж во недела, и покрај наредбите да избегнуваат какви било собири во поголеми групи.

Луизијана стана една од главните фокусни точки за инфекција со коронавирус во САД, бележејќи вчера 409 смртни случаи.

Најмалку десетмина загинати во судир на воени хеликоптери над малезиска поморска база

Два воени хеликоптери утрово се урнаа за време на тренинг над поморска база на западниот брег на Малезија, при што загинаа десет лица, јавија локалните медиуми повикувајќи се на морнарицата на земјата.

Сингапурскиот информативен канал ЦНА ја цитира Кралската малезиска морнарица (РМН) која во соопштение информира дека морнарички хеликоптер со седум членови на екипажот и уште еден со тројца патници се урнале во поморската база во Лумут, околу 200 километри северозападно од Куала Лумпур.

CNA јави дека хеликоптерите тренирале прелетување за прославата на 90-тиот Ден на морнарицата, што треба да се одржи за неколку дена.

Причината за несреќата првично е нејасна и РМН ќе „формира истражен одбор за да ја утврди причината за инцидентот“. /МИА

Фон дер Лајен: Европа ќе остане глобално срце на индустријата и иновациите

Обраќањето пред Европарламентот на Урсула фон дер Лајен. 

Од последните европски избори во 2019 година, ЕУ се соочи со две кризи од историски размери - Ковид-кризата и војната во Украина, проследена со енергетска криза „произведена во Русија“, кои можеа да се претворат во драматична економска и социјална криза, но тоа не се случи поради големата отпорност на Европа, но и поради тоа што ги поставивме вистинските политики, изјави денеска претседателката на Европската комисија во обраќањето пред Европарламентот, Урсула фон дер Лајен.

- Последните пет години не научија нешто. Одново и одново ги изненадивме скептиците и им пркосевме на „пророците“. Затоа што за силна Европа, ако има волја, има и начин и нашиот континент ќе продолжи да биде глобалното срце на индустријата и иновациите, истакна Фон дер Лајен во дебатата за заклучоците од минатонеделниот Специјален самит на Унијата посветен на економските перспективи на ЕУ.

Таа нагласи дека иако на почетокот на оваа деценија се предвидуваше масовна невработеност и долга рецесија, денес стапката на невработеноста е на историски најниско ниво од под шест отсто, вработеноста е над 75 проценти, а инфлацијата се приближува до целта од две отсто.

Сепак, според неа, овие кризи го земаа данокот на конкурентноста на Европа, бидејќи до пред нивната појава бизнис модел на многу европски индустрии се засноваше на евтина енергија од Русија и зголемена трговија со Кина, а продуктивноста на трудот се зголемуваше за само 0,8 отсто годишно.

- Ова може да се реши само со заеднички напори и на европско и на национално ниво. Затоа, враќањето на нашата конкурентска мора да биде во сржта на економската агенда на Европа во иднина. И јас сум апсолутно убедена дека можеме да поттикнеме нов наплив на европска конкурентност, додаде Фон дер Лајен.

Според неа, тоа ќе се постигне, прво, со поттикнување на приватниот капитал кон инвестиции , за што од суштинско значење е создавање на единствен европски на пазар на капитал, што ќе овозможи предвидливост, заштеди за инвеститорите и зајакнат надзорот на европско ниво на најважните играчи на пазарот.

- Вториот приоритет е намалување на трошоците за енергија. Трошоците за енергија продолжуваат да влијаат на нашата конкурентност. Минатата година за време на енергетската криза беа направени многу инвестиции и наскоро можеби од глобален недостиг да добиеме вишок на ЛНГ. Како резултат на тоа, очекуваме да паднат цените на бензините. Ова ни дава простор за понатамошен развој на обновливите извори на енергија, рече Фон дер Лајен.

Потсетувајќи дека лани првпат во ЕУ е произведена повеќе струја од ветер отколку од гас, претседателката на ЕК апелираше за продолжување на реформите на пазарот на електрична енергија со цел да се добива поевтина и чиста енергија во Европа.

Според неа, третиот приоритет мора да биде насочен на намалување на недостигот на работна сила и стручно оспособени работници и за таа цел да се обучуваат младите преку образованието, да се овозможи професионална преориентација на повозрасните работници и да се привлекува легална миграција на работна сила од странство. /МИА

Норис верува во прва Ф1 победа оваа сезона

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави денеска дека неговиот настап на последната трка во Кина покажал дека може да ја оствари својата прва Формула 1 победа оваа сезона.

Норис заврши втор на кинеското ГП во Шангај минатата недела зад Макс Ферстапен од Ред Бул, порачувајќи дека и самиот не очекувал таков резултат.

Во последните 23 трки, Ферстапен забележа 21 победа и на другите возачи им е тешко да му парираат.

„Веќе реков, не ми треба поголема самодоверба. Трката во Кина тоа го докажа. На почетокот на годината реков дека мислам оти можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победуваме. Секако тоа нема да биде лесно. Но во едно вистинско време, во добри услови и со работи што малку повеќе ќе му одговараат на нашиот болид – верувам 100 отсто во тимот и во мојата способност да го направам тоа“, изјави Норис за Скај. /МИА

притисни ентер