Трамп се разлути : Јас сум претседател на САД, не ми се обраќај така (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп се судри со новинарот на Ројтерс на денешната прес-конференција во Белата куќа.

Новинарот Џеф Мејсон го праша Трамп дали ќе ја признае изборната победа на демократскиот кандидат Џо Бајден.

"Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Факт е, огромна измама се случи. Не смее да се случи во ваква земја". , одговори Трамп.

Новинарот потоа постави подпрашања, со што го прекина одговорот на Трамп.

"Јас сум претседател на Америка. Никогаш повеќе не разговарај така со претседател.", луто одговори Трамп.

Потоа го замоли следниот новинар да постави прашање.

Да потсетиме, Трамп порано денеска напиша дека новоизбраниот претседател Џо Бајден може да влезе во Белата куќа само ако докаже дека не освоил 80 милиони гласови со измама.

"Бајден ќе влезе во Белата куќа како претседател само доколку докаже дека 80 милиони гласови не се добиени со измама или на нелегален начин. Кога ќе видите што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки, тоа е масовна кражба на избори.Мислам дека Бајден има голем, нерешлив проблем“, напиша Трамп.

Твитер го обележа и овој твит на Трамп како дискутабилен.

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

притисни ентер