Трамп повика да се отворат црквите: Ни требаат повеќе молитви, не помалку

Претседателот на САД Доналд Трамп денес повика местата за богослужба да се отворат веднаш и рекол дека ги смета за неопходни.

„Во Америка ни требаат повеќе молитви, не помалку“, рекол Трамп на конференција за новинари во Белата куќа, критикувајќи ги гувернерите на државите кои дозволиле продавниците за алкохолни пијалоци и клиниките за абортус да останат отворени, пренсе „Би-Би-Си“.

И центрите за контрола и превенција на болести издадоа упатства дека црквите треба повторно да се отворат.

притисни ентер