Трамп потврди дека САД во 2018 извршиле таен сајбер напад врз руска агенција

Американскиот претседател Доналд Трамп прв пат потврди дека САД во 2018-та година извршиле таен сајбер напад врз руската агенција за интернет истражување.

Агенцијата за интернет истражување , е трол компанија која САД ја обвинуваат за давање помош со цел наводно да се олесни мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година и во изборите во САД во 2018 година , јавуваат светските медиуми

Заев со подршка за СДСМ и Пендаровски

„Ја спасивме заробената Македонија од канџите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“,поранешниот премиер Зоран Заев така го почнува говорот во својот промотивен видео спот за поддршка на кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

Заев потоа во својот пост на Фејсбук пишува:

„Да гласаме сите за европска иднина!

Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на татковината, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор!

Немаме ние нови години за губење од оние кои божем Македонија ќе ја направеле ГОРДА, а истите тие цели 11 години ја правеа ГРДА“, вели тој.

Полицијата во Брисел упадна на десничарски собир за да спречи немири, на бината Орбан и Фараж

Утрово полицијата во Брисел упадна на десничарска конференција која деновиве ја обединува европската екстремно десничарска политичка елита и ја затвори.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан и британскиот европратеник и преговарач за Брегзитот, Најџел Фараж требаше да зборуваат на Националната конзервативна конференција во следните два дена, но полицијата пристигна два часа по отворањето на местото во Клариџ, во близина на Европскиот кварт, за да ги информира организаторите дека настанот ќе биде прекинат.

„Властите одлучија да го откажат настанот поради можност за немири“, изјавил полициски функционер на еден од организаторите, според Политико.

До пристигнувањето на полицијата, завесите на бината веќе биле кренати, а архитектот на Брегзит, Фараж, го започна својот воведен говор.

Полицајците им дадоа на учесниците 15 минути да го напуштат просторот, но на крајот не го прекинаа настанот и говорите продолжија. Сепак, полицијата соопшти дека нема да пуштат никој друг на местото на настанот и дека луѓето што си заминале повеќе не можат да влезат.

Додека преговорите меѓу организаторите и полицијата се одвиваа зад сцената, Фараж ги критикуваше властите во Брисел како „монструозни“ поради обидот да го откажат настанот. „Знаев дека нема да бидам добредојден во Брисел“, се налутил поранешниот европратеник.

Поддржувачот на Брегзит не беше сам во неговите остри критики на бриселската бирократија. „Тоа е потег на една бесмислена диктатура“, изјави за Политико Френк Фуреди, еден од организаторите на десничарската тинк-тенк MCC, која е еден од спонзорите на настанот. „Тие се обидуваат да искористат техничка причина за политичка поента. На сопственикот му рекоа дека ќе му ја исклучат струјата ако не нѐ прекине.

Нешто повеќе од еден час по првото пристигнување, полицијата се врати околу 12.45 часот за да му предаде налог на организаторот на локалниот настан Ентони Гиланд, началник на персоналот во МКЦ. Полицијата му дала 15 минути да го прочита и потпише документот од три страници.

„Едно од објаснувањата што ги добивме, не е единствената причина, е дека попладнево околу 17 часот ќе има контрапротест. А полицијата не може да ја заштити слободата на говор на овој настан“, рече тој.

Полицијата поставила барикади пред местото на одржување, а Фуреди рече дека организаторите на конференцијата морале да контактираат со нова угостителска служба бидејќи првата била запрена и не можела да стигне на конференцијата. Конференцијата веќе двапати морала да ја смени локацијата откако градоначалниците во бриселскиот регион одбиле да дадат дозвола за избраните места.

Просторот за настани во Клариџ бил веќе третото место избрано за конференцијата, откако првото место Concert Noble ги одбиле под притисок на социјалистичкиот градоначалник на Брисел, Филип Клоус и либералниот градоначалник на Етербек изврши притисок врз луксузниот хотел Софител да ја откажат конференцијата.

Емир Кир, градоначалникот на Сен-Жосе-тен-Нуд, каде што се наоѓа Клариџ, претходно во е-пошта му одговорил на Политико дека „ќе преземе итна акција за да го забрани“ настанот. Фараж му оддаде почит на сопственикот на Клариџ, нарекувајќи го „храбар Тунижанец“ кој се спротивстави на „насилниците“ кои сакаат да ја нарушат конференцијата.

Полицијата им кажала на организаторите дека постои ризик демонстрантите да предизвикаат граѓански немири на местото подоцна попладне. „Јас разбирам дека полицијата навистина, навистина сака да го затвори ова. Ако сака да го затвори овој настан, може да го направи тоа со мене на сцената“, рече Фараж на крајот, додека толпата навиваше и викаше.

Дачиќ: Денеска е ден на срамот за парламентарното собрание на Советот на Европа

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави вечерва, дека денеска е ден на срамот во ПССЕ, бидејќи за прв пат во историјата, како што истакна, членство се дава на нешто што не е држава.

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави вечерва, откако Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја усвои препораката за Косово да му се одобри да стане членка на Советот на Европа, дека денеска е ден на срамот во ПССЕ, бидејќи за прв пат во историјата, како што истакна, членство се дава на нешто што не е држава, а кое не исполнува се препорачани основните услови во доменот на човековите права и слободи, објави Телеграф.

„Денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За прв пат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава, а кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи“, рече Дачиќ, соопшти МНР.

Тој посочи дека 11 години Приштина одбива да формира Заедница на српски општини, што е нивна меѓународна обврска, како и да спроведува политика на терор против српскиот народ и етничко чистење.

Со оваа одлука, наметната од силата на меѓународните сили, тие ги поткопаа самите основи на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок, нагласи Дачиќ.

„За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат, кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија? Ќе ја продолжиме нашата борба со сите сили, ќе се бориме оваа одлука да не биде донесена на Комитетот на министри на 16 мај. И ќе ја видиме вредноста на зборот на меѓународната заедница што му го дадоа на претседателот Александар Вучиќ дека Косово нема да биде примено во Советот на Европа додека не ја формира Заедницата на српските општини. Дали тоа повторно ќе биде лага“, праша шефот на српската дипломатија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вечерва го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово Доре Бакојани, во која се препорачува на Косово да му е одобрено да стане членка на Советот на Европа.

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член на ПС СЕ, 29 беа против, а 11 беа воздржани.

притисни ентер