Трамп одржа проштален говор, не го спомена Бајден по име (ВИДЕО)

Белата куќа го објави прошталниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред утрешната инаугурација на Џо Бајден.

Прошталниот говор на Трамп, кој бил снимен во Белата куќа, трае нешто помалку од 20 минути.

„Оваа недела инаугурираме нова администрација и се молиме за нејзиниот успех, да ја одржиме Америка безбедна и просперитетна“, рече тој, додавајќи: „Им посакуваме среќа“.

Иако станува збор за редок гест на добра волја кон неговиот наследник, Трамп не го спомена Бајден по име во видеото.

„Го направивме тоа што го направивме - и многу повеќе од тоа. Водев тешки битки, најтешки битки и донесував најтешки одлуки, затоа што за тоа ме избравте “, им рече Трамп на Американците.

Тој тврди дека „најголемата опасност“ што сега и се заканува на Америка е „губење на вербата во големината на нацијата“.

Во својот говор тој наведе сè што неговата администрација сторила во изминатите четири години, од „спротивставување на Кина на начин на кој никој досега не сторил“ до „низа историски мировни договори на Блискиот исток“.

„Светот повторно не почитува, ве молам, не губете ја таа почит“, рече тој.

„Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении што не започнав нова војна“, рече Трамп.Тој го спомена и неодамнешниот упад на неговите фанови во зградата на Капитол.

„Сите Американци се згрозени од нападот врз Капитол ... Не можеме да го толерираме тоа“, рече тој.

Посебно е интересна пораката што ја испрати на крајот од својот говор: „Сакам да знаете дека движењето што го основавме е само почеток“.

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

притисни ентер