Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене - Канал 5

Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.

Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене

-Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене, рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“ . „И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.

„Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат“, рече Трамп.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад.

Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.

Полицијата во соопштение на X информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“.

- Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации, соопшти локалната полиција.

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

 Бомба погоди автобус кој денеска превезуваше деца до училиште управуван од армијата во југозападен Пакистан, при што загинаа пет лица, вклучително и три деца, а десетици други се повредени, соопштија официјални лица.

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

Експлозијата беше насочена кон возило во градот Хуздар, во провинцијата Балуџистан, додека ги превезуваше учениците на час, изјави локалниот претставник Јасир Дашти, пренесе ДПА.

Меѓу загинатите се три деца и двајца возрасни, се вели во соопштението на армијата. Здравствените власти стравуваат дека бројот на загинати може да се зголеми, бидејќи многу од 38-те повредени деца се во критична состојба.

Балуџистанската ослободителна армија (БЛА), бунтовничка група која се бори за независност на регионот од Пакистан, потврди дека го таргетирала автобусот, но рече дека тој превезувал војници.

Насилството организирано од бунтовниците е зголемено во Балучистан, регион кој граничи и со Авганистан и со Иран, и е центар на кинески инвестиции и проекти за поврзување.

Десетици луѓе беа убиени во март кога милитантите на БЛА киднапираа автобус кој превезуваше војници и нивните семејства за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи

Усвоени измените на Законот за надворешни работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата.

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна дека усвоените измени на Законот за надворешни работи се суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство.

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за надворешни работи, предложени од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски денеска во објава на Фејебсук нагласи дека со измените се воспоставува јасна законска рамка за професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите.

По повеќе од една деценија се прават суштински измени, со кои се воспоставува јасна законска рамка за реализација на два клучни приоритети: професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите, истакна Муцунски.

Шефот на дипломатијата напомена дека измените предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка. Дополнително, воведена е можност за назначување специјален државен претставник во странство, доколку постои посебен интерес за државата.

-Со измените се овозможува Министерството системски да ги преземе обврските поврзани со креирање политики за надворешна трговија и инвестиции – сегмент кој досега не беше институционално прецизиран со ниту еден друг закон. Ова претставува важен чекор кон професионализација на дипломатијата, подобрување на условите за работа на македонските дипломати во странство, како и соодветно позиционирање на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на надворешната трговија и инвестициите, потенцира Муцунски.

притисни ентер