Трамп најави важна информација поврзана со изборни манипулации

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна информација во врска со наводни изборни манипулации.

„Стигнува важна информација за изборните манипулации во Џорџија. Бидете во тек“, напиша Доналд Трамп на „Твитер“.

Џорџија после рачното пребројување на гласови, вчера и официјално прогласи победа на Џо Бајден. Претходно оваа држава прогласи победа на Бајден, но набрзо ја повлече објавата.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, кој е републиканец, претходно истакна дека Доналд Трамп не успеал да освои електорски гласови од оваа земја.

Меѓутоа подоцна стигна исправка, односно дека „и натаму трае пребројувањето на гласовите“.

Кристина и Сара освоија бронзени медали на Европската олимпијада по информатика

-Заради актуелната пандемија, учеството на тимовите е онлајн, а учесниците од нашиот тим се сместени во хотел во државава, во деновите од натпреварот, соопштија од Здружението.

Кристина Тасева од Скопје, ученичка во трета година и Сара Стефановска од Крива Паланка, ученичка во деветто одделение, кои се дел од тимот од Здружението на информатичари на Македонија, освоија бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД), што годинава прв пат се одржува во Цирих.

-Заради актуелната пандемија, учеството на тимовите е онлајн, а учесниците од нашиот тим се сместени во хотел во државава, во деновите од натпреварот, соопштија од Здружението.

Во нашиот тим на олимпијадата, што завршува денеска, се и натпреварувачките Атина Рувинова од Охрид и Софија Велковска од Скопје, раководени од лидерите м-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Секоја земја на ЕОИД учествува со тим кој се состои од четири натпреварувачки, лидер и заменик лидер на тимот, а ученичките се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена. На ЕОИД 2021 учествуваат вкупно 157 ученици од 31 европска земји и 12 земји – гости надвор од европскиот континент (како САД, Канада, Индија, Јапонија, Египет, Казахстан и други).

Од Здружението посочуваат дека голем е успехот на македонските натпреварувачки во оваа исклучително силна конкуренција да освојат два бронзени медала, а и останатите две натпреварувачки да се во рангот на поени кои овозможуваат посебна олимписка пофалба.

– Среќен сум што и во овие вонредни услови, во период кога имавме силен ковид бран во Македонија, успеавме да ги избереме и подготвиме најдобрите натпреварувачки, за да можеме да се натпреваруваме на исто ниво со учесници од 43 земји. Очигледно дека воведувањето на предметите Основи на програмирање и работа со компјутер од трето од петто одделение, и потоа предметите Информатика, Програмирање и Програмски јазици даваат резултати. Изразувам благодарност до општествено одговорната компанија „Нетцетера", која ги поддржа подготовките на македонскиот тим, истакна претседателот на Здружението, д-р Миле Јованов.

Од Здружението информираат дека денеска почнува 33. Интернационална олимпијада по информатика во Сингапур, на која учествуваат тимови од државава.

Град Скопје: Почна реконструкцијата на едно од најубавите шеталишта во Скопје

Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Фра

Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед.

Ова не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно кејот на Вардар и Градскиот парк. Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром што преставува големо задоволство за скопјани, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови.

ССМ: Во Ниш тек е ревакцинација на бизнис заедницата

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата во организација на Стопанската комора на Македонија во Ниш.

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

Се ревакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората, чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат и да го задржат нивото на економска активност.

Процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.

Ревакцинацијата ќе биде извршена на истото место каде и првата вакцинација, информираат од Стопанската комора на Македонија.

притисни ентер