Трамп ја обвини СЗО : Ние ве плаќаме , а вие сте свртени кон Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја нападна Светската здравствена организација (СЗО), обвинувајќи ја дека е премногу блиска до Кина и лошо ја управува пандемијата на коронавирус.

„СЗО навистина потфрли“, напиша претседателот на Твитер откако повеќе од 11.000 луѓе починале од Ковид-19 во земјата.

„Чудно, тие во голема мерка се финансирани од Соединетите држави , а се фокусирани на Кина. Ние одблизу ќе ја разгледаме оваа ситуација.“, додаде тој.

„За среќа, не го послушав првичниот совет да ја отворам границата со Кина. Зошто дадоа таков погрешен совет?“ праша тој.

САД имаат најголем број пријавени случаи на инфекција со Ковид-19.

Бројот на загинати во земјата се зголеми во последните неколку дена на повеќе од 1.000 на ден, приближувајќи се до грозоморните статистики на Италија и Шпанија.

притисни ентер