Трамп ја нападна Кина на ГС на ООН :Вие ја пуштивте оваа чума

Соочен со пандемијата наковид-19,на светот му треба „глобално примирје за да се стави крај на жешките конфликти и да стори сé што е можно за да се избегне нова Студена војна меѓу САД и Кина”, рече генералниот секретар на ООН.

„Ова е многу опасна насока. Нашиот свет повеќе не може да си дозволи иднина во која двете најголеми економии би ја поделиле Земјата“, предупреди Антонио Гутереш на отворањето на Генералното собрание на ООН против растечкото кинеско-американско ривалство во светот.

Во текот на неделата, 193 земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Кина, ќе се обратат на Генералното собрание онлајн поради пандемијата.

Гутереш предупреди на „нова студена војна“ меѓу САД и Кина.

„Ризиците од технолошка и економска поделба неизбежно доведуваат до геостратешка и воена поделба и ние мора да го избегнеме тоа по секоја цена“, инсистираше тој.

Гутереш исто така повика на глобална соработка во борбата против пандемијата, вклучително и развој на вакцините.

Генералниот секретар на ООН зборуваше пред претежно празната сала на Генералното собрание во Њујорк. Светските лидери ќе се вклучат со претходно подготвени снимки.

Во своето видео, Доналд Трамп ја нападна Кина за начинот на кој се справила со епидемијата на коронавирус и за заштита на животната средина.

„Ние мора да ја сметаме одговорна земјата што ја пушти оваа чума во светот - Кина“, рече тој.

„Во раните денови на ширење на вирусот, Кина го запре домашниот сообраќај, но дозволи летови да доаѓаат од Кина и да ја шират инфекцијата низ целиот свет“, рече американскиот претседател.

Тој ги обвини Пекинг и Светската здравствена организација за лажни информации за тоа како се пренесува „кинескиот вирус“.

Трамп исто така ја обвини Кина за еколошки проблеми, обвинувајќи ја, меѓу другото, и за прекумерен риболов и испуштање пластика во океаните.

"Оние кои ги напаѓаат одличните еколошки перформанси на Америка, а го игнорираат широко распространетото загадување на Кина, не се заинтересирани за животната средина. Тие само сакаат да ја казнат Америка", рече тој.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер