Од друга страна, 57 проценти не го одобруваат однесувањето на американскиот лидер.
Ова истражување е во согласност со просечните податоци кои покажуваат дека Трамп е поддржан од околу 40 проценти меѓу возрасната популација во САД, како и меѓу гласачите, јавува Си-Ен-Ен.
Остануваат уште пет месеци до изборите во Америка, што значи дека сè уште има простор за промена во однос на поддршката на граѓаните за претседателот Трамп.
Сепак, историјата покажува дека рејтингот на Претседателот на Соединетите Држави никогаш не се променил значително од месец јуни во изборната година до времето на изборите, судејќи според податоците од 1940-тите, кога во земјата се спроведувале вакви анкети.
Најверојатно, поддршката за Трамп ќе биде под 50 проценти, како и дека неодобрувањето на неговите постапки како лидер на државата ќе биде поголемо од одобрувањето. Ваквите податоци би можеле да бидат загрижувачки за Трамп, како што пренесува Си-Ен-Ен, со оглед дека постои силна врска помеѓу овие проценки и шансите повторно да победи на изборите, како што покажуваат податоците низ историјата.
Шансите за промена на рејтингот на Доналд Трамп се многу мали, особено ако се има предвид дека поддршката за сегашниот претседател на Соединетите држави е постабилна од онаа на неговите претходници.
Неможноста да се зголеми неговиот рејтинг е и причината поради која Трамп оди толку многу го напаѓа Бајден, чие повлекување би можело да биде неговата единствена шанса за победа, пишува Си-Ен-Ен.