Додека повеќето демократи како на последна карта во битката против Трамп, се надеваа во претседателот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел тој денеска наспроти нивните инсистирања за свикување седница уште оваа недела, ги информира дека отповикувањето на трамп нема да почне најрано до следната недела.
- Претставничкиот дом гласаше да го отповика претседателот. Меѓутоа процесот на отповикуивањето во сенатот ќе почне на нашата редовна седница закажана за следниот вторник ,откако ќе го примиме дописот од конгресот, стои во писмениот одговор на Мекконел до демократите. Тоа значи дека седницата најрано би можела да почне на ден пред инаугурацијата на новиот претседател Џозеф Бајден , што за познавачите на состојбите како веројатност е многу мала да се случи. Дополнително што за да биде потврден импичментот и во сенатот, треба да гласаат за уште најмалку 17 републикански сенатори. Инаку десет членови на републиканската партија синоќа го поддржаа отповикувањето на Трамп кое резултира со 232 гласа ,,за“ и 197 ,,против“. Во резолуцијата за импичментот наведена е само една точка на обвинување која гласи,, поттикнување на бунт“ .Претседавачката со долниот дом на конгресот Ненси Пелоси денеска го потпиша решението а при образложувањето на постапката за отповикување трамп го оцени како присутна закана за нацијата. И дека бил директно вмешан во нападот на конгрсот со што се нанел силен удар на американската демократија.
-Знаеме дека претседателот на САД го предизвика овој насилен револт, овој вооружен бунт против нашата заедничка земја. Тој мора да си оди бидејќи претставува јасна закана за нашата нација која сите ја сакаме, изјави Ненси Пелоси претседавач на долниот дом во американскиот конгрес.
По гласањето се огласи сеуште актуелниот претседател Доналд Трамп преку видео споделено на официјалната страница на Белата куќа. Она што ги изненади сите, е тоа што Трамп не рече ништо за импичментот но порача дека вандализмот и насилството не се опција и повика на смирување на страстите. Воедно Трамп го осуди насилството во Капитол хил минатиот вторник.
-Сакам да бидам јасен, недвосмислено го осудувам насилството што го видовме минатата недела. Насилството и вандализмот немаат место во нашата држава или во нашето движење, истакна Доналд Трамп-претседател на САД.
Вчерашното гласање импичмент за Трамп кому му е второ отповикување со што стана и единствен во американската претседателска историја, се цени за историско дотолку повеќе што се случува на една недела до истекот на неговиот мандат. Како што е веќе познато процедурата за импичмент се сели во сенатот каде што треба да биде поддржана со дво третинско мнозинство за да му се пресуди на трамп и веројатно таа ќе се случува по инаугурацијата на новиот американски претседател бајден. Инаку ниту еден американски претседател во историјата не бил исфрлен од функцијата преку импичмент. Тројца, Трамп во 2019-та , клинтон во 1998-ма и Џонсон во 1868 биле прогласувани за виновни од конгресот но ослободувани од сенатот.