Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет - Канал 5

Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека главен аргумент посочен за интерпелациите на членовите на Судскиот совет е недовербата.

Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека главен аргумент посочен за интерпелациите на членовите на Судскиот совет е недовербата, односно малата доверба од 2 или 3 проценти во правосудството.

И ние потврдуваме дека навистина довербата во правосудството е многу ниска и сите се согласуваме дека се потребни реформи. Меѓутоа потребни се суштински, коренити, темелни реформи, реформи онака како што се предвидени реално од оценската мисија и како што се предвидени во реформската агенда, која беше подготвена од претходната влада и поднесена до Европската комисија од оваа влада и потврдена како една од најдобрите реформски агенди, рече Трајчулески, додавајќи дека во реформската агенда се содржани пакет на закони поврзани со правосудството кои треба да се донесат и кои треба да обезбедат соодветен систем кој ќе ја врати довербата кај граѓаните.

Трајчулески истакна дека владата за месец и пол од денес троши четвртина од својот мандат, односно една година, а за реформата која владата ја најавуваше, денеска се гледа сосема обратно нешто.

Денеска гледаме една кулминација, едно крешчендо на една епизода којашто започна пред неколку месеци, а тоа стартуваше со промени, односно партиски упад во делот на второстепените комисии, регулаторните тела, советот за граѓански надзор над следењето на комуникациите и денеска ја гледаме кулминацијата со класичен партиско-политички упад во рамките на правосудството и на овој начин нема да ја вратиме довербата, нагласи Трајчулески.

Тој повтори дека СДСМ како политичка партија подаде рака, парламентарните политичките партии, фелата, академијата и сите оние кои се стручни да седнат на маса да направат систем кој ќе ја врати довербата во правосудството.

Денеска е направен сериозен преседан со партиско политички упад во правосудството со кршење на Уставот. И тој преседан, верувајте, утре која било влада ќе го искорсти како воспоставена пракса и мислам дека тоа не е добро за државата. За државата е добро да направиме систем, отпорен на влијанија, било политички, било од поединци, било од бизнис влијанија, кој систем ќе ја гарантира правната држава, ќе го гарантира правото, кое треба да биде над се, над секоја политичка партија, над секој поединец. Само така ние ќе ја вратиме довербата. Нема да ја вратиме довербата доколку пет луѓе смениме од Судскиот совет, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија

Петрушевски: Во што се претвори СДС?

Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Петрушевски: Во што се претвори СДС?

Венко Филипче и СДС молчат за трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци.

Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник?

Имено пред 3 дена, Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, е фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е трет партијаш по Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци е фатен со дрога.

Дали СДС и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков?

СДС е партија која се претвори во заштитник на криминалци.

Венко Филипче има шанса и денес да се откаже од наркодилерите во неговите редови. Ако тоа не го стори, повеќе од јасно е дека нема интерес од тоа, и дека интересот се крие во нешто друго.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Јагодите можат да траат со недели во фрижидер ако ги чувате со еден едноставен предмет. Овој едноставен трик може да спречи јагодите да се расипат пред да стигнете да ги изедете.

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Сезоната на јагоди е во полн ек – цените се пониски, но предизвикот е како да се зачуваат свежи. Овошјето лесно се мувлосува бидејќи комбинацијата на влага и шеќер создава идеални услови за развој на мувла.

Најчеста грешка е оставање на јагодите во пластичната амбалажа во која се купени. Во топло време, тоа станува вистинска сауна за кондензација – и го забрзува расипувањето.

Јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели

Но, постои едноставно решение кое го споделува Хедер, готвачка и авторка на блогот „Fit Mama Real Food“, а пренесува Мирор.

Нејзиниот трик за да ги сочува јагодите свежи и до две недели е – кујнска хартија.

„Главната причина за расипување е вишокот на влага. Добрата вест е дека тоа може да се избегне“, вели таа.

Како? „Ставете хартиена салфетка на дното од плитка стаклена кутија. Наредете еден слој подготвени јагоди.“

Хартијата ќе ја впие вишокот на влага и ќе спречи појава на мувла или бактерии.

Бидејќи јагодите имаат нежна и порозна површина, која лесно впива, трикот на Хедер е вистинско спасение.

Како правилно да ги чувате јагодите:

- Наполнете голем сад со ладна вода и потопете ги јагодите 2 минути. (Ако сакате, можете да додадете оцет – 1 чаша на 4 литри вода. Но, не држете ги повеќе од 5 минути.)

-Исцедете ги и исплакнете под ладна вода.

-Наредете ги на чиста кујнска крпа или хартиени салфетки – во еден слој – и оставете да се сушат на воздух 2 до 3 часа. (Овој чекор е клучен – влажните јагоди брзо се расипуваат.)

-Откако ќе се исушат, наредете ги во стаклена кутија, со хартиени салфетки на дното и меѓу слоевите јагоди.

-Затворете ја кутијата со капак и ставете ја во фрижидер.

Со оваа метода, јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели.

Брутално убиство во Крагуевац: Пронајдено тело жена со повеќе од 10 убодни рани, уапсен убијец

Брутално убиство се случи денес во Крагуевец, медиуми од регионот пренесуваат дека е пронајдено тело на жена (41) на нива.

Брутално убиство во Крагуевац: Пронајдено тело жена со повеќе од 10 убодни рани, уапсен убијец

Според пишувањата на Блиц, мажот Р.Б. брутално ја убил својата поранешна партнерка стара 41 година, чије тело било пронајдено покрај една нива со околу 10 убоди со остар предмет за кој се сомнева дека е нож.

Според незванични информации, телото на несреќната жена било пронајдено покрај автомобил, а уште се утврдува чие е возилото.

Убијецот, Р.Б., е пронајден неколку метри од возилото со повеќе убодни рани на телото и лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата за сега врши увид, а осомничениот за убиството е веќе познат на полицијата бидејќи жртвата двапати го пријавила за насилство и имал активна забрана за приближување.

притисни ентер