Траект со над 400 патници заринка на брегот на Финска (ВИДЕО)

Траектот Викинг Грејс со повеќе од 400 патници се насука попладнево на финските Оландски Острови на Балтичкото Море, пренесува Би-Би-Си. Во моментов се наоѓа во пристаништето Мариехам.

Финската крајбрежна стража соопшти дека бродот бил на карпи, но не бил дупнат. Никој од патниците не е тешко повреден.

Заглавениот траект во сопственост на Викинг Лајн пловел од финскиот град Турку кон главниот град на Шведска Стокхолм, а несреќата се случила попладнево. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Од Викинг лајн изјавија дека сè уште не знаат дали да ги евакуираат патниците. На бродот има 331 патник и 98 членови на екипажот.

„Овде на Аланд е многу ветровито и тие се обиделе да свртат кон пристаништето“, рече 55-годишната Тина, која живее недалеку од местото на несреќата. Таа додаде дека видела дека траектот има проблеми.

Ова е втор пат во последните два месеца траект на Викинг Лајн да се заринка на островите Оланд. На 30 септември траектот Викинг Аморела се насука кај Јерсо и 300 патници мораа да бидат евакуирани. Од тогаш траектот е на поправка.

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата.

– Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

Како што претходно јави МИА, на денешниот онлајн состанок, на кој учествуваа по тројца претставници од двете страни, беше предвидено да се разговара само за текстовите на записниците што сè уште не се потпишани, но не и за некакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци. Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември минатата година./МИА

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието

„Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел.“

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите“, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

„Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни“, нагласи Беџети.

За академиците рече дека останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

„Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова“, рече академик Беџети.

Министерство за образование и наука

Од Понеделник - САМО ВИСТИНА и САМО ИНТЕРВЈУ повторно во потрага по вистинољупците

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО 18:30 

​Најдобрите, најгледаните, и највлијателните, се враќаат на медиумскиот "Вембли"!!!

Започнува новата сезона на САМО ВИСТИНА И САМО ИНТЕРВЈУ!!!

САМО ЗА ВАС, ВИСТИНОЉУПЦИТЕ, уште во првата недела, на жешките столчиња ќе ги седнеме : Христијан Мицкоски, Сашо Ордановски, Солза Грчева, Илија Димовски, Љупчо Зиков, Горан Милевски, Борислав Крмов и Зоран Димитриовски.

Фаќајте место пред телевизор!!!

притисни ентер