Тозиевски: Централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро

Регионална средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион.

И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион.

– Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски.

Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз.

– Општина Ресен работи и на огромен европски проект „ЕУ за Преспа“ кој е во вредност од 23 милиони евра, каде најголема задача за нас е обезбедување на планската документација. Со овој проект се предвидени 7 нови пречестителни станици и влегување на сите села во крајбрежјето на Преспанското езеро во канализационен систем, управување со цврстиот отпад, нови водоводни линии и други проекти поврзани со спас за езерото – додаде Тозиевски.

Тој на регионалната средба ја потенцираше несоработката со централната власт оваа измината година, како и непринципиелните методи со кои тие, само за пресметка која е од политичка природа, го загрозуваат развојот на регионот и го загрозуваат самото Преспанско езеро.

– Веќе по трет пат се соочуваме со непринципиелен обид да ни ги одземат средствата од наменската сметка, кои се во износ од околу 84 милиони денари доделени од централниот буџет а се наменети за спас на Преспанското езеро. Веќе трети пат државата се обидува да ни ги повлече средствата, покрај тоа што истата сума ја има во Општина Дојран, сакаат за пречистителната станица во оваа општина да ги одземат и дадат средствата и од нашата општина. Тука јасно се гледа дека е политичка игра во прашање и жалам што некој гледаат политика во Преспанското езеро, кое е многу постаро од политичарите и политиката – изјави тој.

Од аспект за справувањето со последиците со енергетската криза, градоначалникот на Ресен изјави дека работат на заштеда на електрична енергија, а на објектот на општинската зграда се монтирани фотоволтаична централа, а се работи на изработка на проектни документации за поставување и на детската градинка и останатите училишта и објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Од аспект на сметките за уличното осветлување, Општина Ресен е обврзана преку јавно приватно партнерство, но проблем се високите сметки за препумпните пумпи за водоснабдување, кои се зголемени неколкукратно а државата нема никаков слух на барањата и апелите на општините.

Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

Јован Тозиевски, градоначалник на општина Ресен, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

притисни ентер