Тошковски:Решението е брзи измени на два закона,за лични документи и за безбедност во сообраќај

Известувањето во последен момент на МВР дека возачките дозволи не важат од полноќ направи паника во Македонија.

Од утре оние кои не успеаја да извадат пасоши со С.Македонија,нема да може патуваат надвор од државата, а со непроменети возачки дозволи нема да можат да возат ниту надвор ниту дома .

Истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од договорот од преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи за меѓународна употреба, граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист.

Личните карти, ќе важат, без оглед дали се со името Македонија или Република С. Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека решението е брзи измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција прее Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.

Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закони.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на самите законски решенија се работи за измена на одредбите од двата закона коишто предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена, рече тој, ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

Тошковски нагласи дека нема доволен број на обрасци за пасоши и возачки дозволи за да се задоволат потребите на граѓаните.

-Сакам македонските граѓани да знаат една работа која што се лажени упорно во континуитет. Лажени се од сите. Прво, само матична држава која што издала документ може да го поништи тој документ. Прво, многу е просто. Второ, одговорно тврдам дека со овие Предлог-измени не кршиме принцип на пакта сунцер ванда прво поврзано со меѓународно право и билатерални договори. Втора бона фиде – добро однесување го гарантираме во одреден временски период. Трето, ова се рокови во коишто е возможно согласно објективни, технички, нормални, возможни итн. капацитети да ги издадеме во соодветен број и едните и другите документи. Ова е реалноста. Значи, сакам да знаат македонските граѓани дека нема ниту пасоши како обрасци физички, ниту има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните и тоа е факт. Тоа е факт. Ова е единствено нормално возможно и системско решение кое што може да ги реши проблемите од една страна, а од друга страна да не предизвика кршење на човекови права флагрантно и од трета страна да не повредува ниту одредби од меѓународен билатерален договор. Ова е единственото соломонско решение. Се’ друго е козметика, шминка и популизам, рече Тошковски.

Повторно опожарени возила во Скопје, овој пат три автомобили во Кисела Вода

Продолжува опожарувањето на автомобили во Скопје.

Денеска на мета биле три возила во Кисела Вода.. Пожарот го забележале и пријавиле граѓаните околу 5 часот утринава. Огнот зафатил Ауди со кумановски регистарски таблички, како и Рено и Фиат Пунто со скопски регистрации, соопштија од МВР.

За среќа, брзата интервенција на екипите на противпожарната бригада спречила дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР..

Членовите на историската мисија на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата

Екипажот на „Поларис дон“ (Polaris Dawn) денеска се врати на Земјата откако пет дена помина во орбитата. Капсулата „Драгон“ (Dragon) падна во море во близина на брегот на Флорида.

- Добредојдовте назад на Земјата, објави „СпејсИкс“ на социјалната мрежа Икс (X).

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека мисијата на „СпејсИкс“ претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.

Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Исакман. Нему му се придружија Скот Потет, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и вработените во „СпејсИкс“, Сара Гилис и Ана Менон. Исакман и Гилис се првата непрофесионална екипа која изведе прошетка во Вселената. Пред тоа, само астронаутите со вселенски агенции финансирани од владата можеа да го направат тоа./МИА

ВРЕДИ: На четири тендери исплатени близу еден милион денари на фирма на внукот на Азири

Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.

-Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Денес продолжуваме со објавување нови сознанија за тоа како истата фирма, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири земала тендери од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово, истакна Бујаре Абази од Коалицијата ВРЕДИ на денешната прес-конференција.

На овие четири тендери, нагласи, фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, дала понуди за набавка на компјутерска опрема за што и биле исплатени без малку 1 милион денари.

-Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар. Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание, посочи Абази.

Во мрежата на ДУИ, како што кажа, се фаќале сите политичари „кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење“.

-Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зијадин Села се под сомневање за политичка корупција, порача Абази.

притисни ентер