Тошковски: Ќе сториме се, да ги осовремениме граничните премини - Канал 5

Тошковски: Ќе сториме се, да ги осовремениме граничните премини

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тошковски: Ќе сториме се, да ги осовремениме граничните премини

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници.

-Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.

Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.

-Така што, секако дека е една од точките што ќе бидат разговарани со почитуваниот колега, така што ќе дадеме се’ од себе. Верувајте ми дека и ние не сакаме секако да има волку големи колони, коишто создаваат нервози итн. И ние сакаме максимално брзо да се транзитира. Убеден сум дека и министерот, Дачиќ и сите останати членки во рамки и на нашата Влада и на Владата на Србија ќе дадат максимум од себеси за поедноставување на целокупниот проток, изјави Тошковски.

На новинарско прашање дали тоа би профункционирало оваа сезона, Тошковски со одговор дека се надева во најбрз можен рок.

- Ако ви речам да, тогаш би ве излажал, а знаете дека не лажам, така што се надевам дека би имале најбрзо што може поедноставување на протокот на возилата, рече Тошковски.

Неговиот колега Дачиќ дополни дека оваа тема е актуелна низ годините и тоа уште во периодот кога тој претходно бил министер од 2008 до 2014 година.

-Тогаш од ваша страна беше министерка и јас стопати барав и инсистирав да се поминува само со лична карта, да се поедностави, да се прави една застанување. Но, секогаш се биле некои административни проблеми е секогаш кога ќе ја започнете оваа приказна и еве сега додека и ние стоиме тука има некој којшто најверојатно ќе рече дека неможе баш тоа така. Но, еве да најдеме начин како може и да може ова максимално да се поедностави, а од друга страна мора да водиме сметка за контролата, која мора да биде одредена врста на контрола, пред се заради илегалната миграција, шверцот и се останато, вели Дачиќ.

Посочи дека и двајцата ќе бараат решенија за поедноставување и побрз проток на патници и стока. На новинарско прашање дека на границата функционара „one stop shop“, но не на посакуваното ниво, министерот за внатрешни работи, Дачиќ вели дека овој систем е направен да има само едно застанување.

-Затоа треба да согледаме за се што вие зборувате за граничните премини, да видиме тоа на кој начин функционира и да ги најдеме најдобрите практични решенија. Значи во полицијата нема политика. Тука еве сега е конкретно, како да соработуваме на овој план, изјави Дачиќ.

Што се однесува за граничниот премин Миратовец – Лојане, кој е обзебедуван од страна на војската 24/7, Тошковски вели дека секоја една тема којашто е од значење на македонските граѓани, како и за граѓаните на Република Србија заслужува во најмала рака да биде разговарано. Инаку Тошковски од денеска ќе биде во работна посета на Република Србија, а ќе оствари средба со премиерот на Република Србија.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

притисни ентер