Топло добредојде и бонтон за првачињата во Центар - Канал 5

Топло добредојде и бонтон за првачињата во Центар

Општина Центар им посака топло добредојде на околу 600 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи.

Топло добредојде и бонтон за првачињата во Центар

Таму ги дочекаа пораки за многу успех и добро здравје во текот на целата учебна година, како и пакетче со училиштен прибор и Бонтон за деца за добро однесување на училиште и во домот. Целта на оваа активност е првоодделенците да го почувствуваат училиштето како свој втор дом, во кој ќе научат многу нови работи, но и ќе стекнат нови другари.

„Илустрираниот бонтон содржи повеќе совети за тоа како треба да се однесуваат со соучениците, како да се грижат за инвентарот, а годинава, со оглед на ситуацијата во која ќе се одвива наставата, вметнати се и содржини за правилно миење раце и одржување хигиена додека се во училиште. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакувам среќен почеток на учебната година, да бидат трпеливи и да ги почитуваат здравствените, со цел со заеднички сили да ја надминеме целата ситуација “, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар.

Ова бонтон издание е креирано специјално за деца на оваа возраст од страна на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, додека целокупниот проект се реализираше со поддршка на брендот Алвоген ОРС – производ за брз и ефикасен надомест на течности и електролити.Проектот „Среќно прваче“ прерасна во традиција, со оглед на тоа што трета година по ред се реализира во сите осум основни училишта на територијата на општина Центар.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер